Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции по одлуката на Советот на јавните обвинители да даде позитивно мислење само за обвинителот Љупчо Коцевски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реакции по одлуката на Советот на јавните обвинители да даде позитивно мислење само за обвинителот Љупчо Коцевски

КРИТИКИ ЗА ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Професорот по кривично право, Гордан Калаџиев на својот фејсбук профил остро реагира на можноста Љупчо Коцевски да стане јавен обвинител, откако Фатиме Фетаи отпадна од игра зараади нецелосна документација, а за Лидија Раичевиќ, немаше пофални зборови, па единствен кандидат кој остана беше Љупчо Коцевски.

Ќе барам Владата да го стопира изборот на републички јавен обвинител, вели за Фокус, обвинителката Фатиме Фетаи. 

Фетаи, која вчера беше исфрлена од трката за републички јавен обвинител од Советот на јавните обвинители, поради некомплетна документација, појаснува дека не се откажува и не запира тука, бидејќи во целост ги исполнува законските услови.

„Заради повреда на моето право за понатамошно учевство во постапката за именување на ЈОРСМ, во текот на утрешниот ден и писмено ќе се обратам до Советот на јавните обвинители со образложено барање за преиспитување на Одлуката за отфрлање на документацијата како некомплетна“, изјави Фетаи.

ЧЕТИРИ ЛЕКАРИ СЕ БОРЕЛЕ ЗА ЖИВОТОТ НА РОДИЛКАТА

По трагичниот наста, во кој вчера беше изгубен живото на млада родилка, денеска преку соопштение се огласија и од Клиничка болница-Штип, кое беше најавено вчера и од директорот, Ален Ѓеорѓијев. 

Во него се наведува дека пациентката е примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26.12.2023 година околу 10:20 часот, за породување.

- Десетина минути подоцна, пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок. Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника, а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката. И покрај дадената крв и крвни деривати и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна - се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Ќе се направи дополнителен инспекциски надзор во болницата во Штип, но и на Скопските клиники по смртта на младата трудница од Делчево. 

СПАСОВСКИ ГО ИСКАРА ЈАНУШЕВ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната собраниска сесија за пратенички прашања го искара пратеникот Игор Јанушев, кој му постави прашање зошто не бил следен одземениот автомобил на убиениот Панче Жежовски пред да биде киднапирана и усмртена 14-годишната Вања Ѓорчевска.

- Бевте кривично гонети и осудени на две години условно заради злоупотреба на службена должност и набавка на кинеските автобуски за постапка покрената пред СЈО. Второ, како стекнавте недвижности од 2009 до 2012, за сите тие работи?

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАД 56.000 ДЕНАРИ

Има поскапување кај минималната кошничка. Трошоците за основни потреби на четиричлено семејство чинат 56.522 денари. 

Kaко што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), според пресметката на професорите и поранешни министри за финансии кои ја изработија новата синдикална минимална кошница, Никола Поповски и Драган Тевдовски, за основните потреби на семејство од двајца родители и две деца кои се ученици потребни се 56.522 денари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се ближат празниците, а во моменти на еуфорија луѓето користат и пиротехника. Иако надлежните апелираат да не се користи пиротехниката и укажуваат на штетните ефекти, сепак оваа појава не може целосно да се искорени.

Значителна побарувачка за сезонски и повремени работници во секторот ХОРЕКА било регистрирано во истражувањето спроведено изминатава година во Охрид и Струга. Утврдено е дека 85 проценти од компаниите вработуваат сезонски работници, 52 проценти вработуваат повремени и 39 проценти ангажираат вработени со скратено работно време.

Додека е на тапет кај Државната комисија за спречување на корупција, доскорешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со својот син Никола Ковачевски ја презедоа Елтек Доо увоз-извоз Скопје, една од водечките компании во областа на енергетиката, електротехниката, далечинското управување и проектирање во Македонија.

Владата по денешната седница објави дека ќе има нов анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, што значи дека кинески „Синохидро“ и кредитерот Ексим Банка ќе продолжат да го градат и по истекот на актуелниот рок до 31 декември 2023.

Банките како едвај да чекаа Народна банка да стопира со зголемувањето на каматните стапки на благајничките записи, за и тие малку да ги намалат своите каматни стапки.

На крај на годината, уште една новогодишна задолжувачка „честитка“ од македонските власти до граѓаните.

Слично

Поврзани вести