Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Разрешени директори блиски до Таравари, се бара разрешување и на министрите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Разрешени директори блиски до Таравари, се бара разрешување и на министрите

AЛИУ И МЕЏИТИ НЕ САКААТ ДА ДАДАТ ОСТАВКИ

Владата почна да ги разрешува кадрите на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, но министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити не сакаат да дадат оставка. 

„Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување“, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити. 

Како што  велат, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари. Изјавата ја дадоа откако стигна информацијата дека на Владата почнале со разрешувања на кадрите што застанаа зад Арбен Таравари и дека веќе се сменети директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на Пошта..

„Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат“, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата. 

ТАРАВАРИ ПОРАЧА ДЕКА ПРОМЕНАТА Е ПОЧНАТА

Не губете време со заплашување, промената е започната, 8 мај е многу блиску, реагира Aрбен Таравари откако Владата разреши двајца директори на Алијансата за Албанците. 

Министрите за информатичко општество и администрација и за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу и Фатмир Меџити, вечерва на прес-конференција изјавија дека постои една група во партијата која „за нејзини цели, кои ние навистина не ги знаеме во моментов, се здружи со ДУИ и прави таков притисок за АА да оди заедно со ДУИ на изборите“. 

Според Таравари, напорите на поединци да заплашуваат активисти на Алијанса за Албанците со класичниот метод на системот „бркање од работа“ е само губење време. 

АКО ИМАТЕ ТЕРМИН ЗА ПАСОШ, ОД МВР ЌЕ ВИ СЕ ЈАВАТ И ЌЕ ВИ ПОНУДАТ ПОБРЗО ДА СЕ СЛИКАТЕ

Од утре, среда, (07.02.2024) пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година.

„Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок“, се вели во соопштението.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Големи се разликите меѓу 30-те здравствени региони во земјава кога станува збор за можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите во поединечни градови низ Македонија.

Градот Скопје е рекордер по планирани, а веројатно и потрошени пари, за поштенски услуги во конкуренција на сите државни органи, јавни институции и единици на локалната самоуправа, покажуваат јавно достапните податоци. 

Одењето на годишен одмор е луксуз за дел од населението кај нас иако не би требало да биде така и секој има потреба да одмори. Голем дел од македонските граѓани поради сиромаштијата не можат да си дозволат одмор.

Ако некогаш се бараа многу поквалификувани и „познајни“ профили на кадри за пополнување на работни места, денеска тоа воопшто не е случај. Напротив, денеска она што најмногу се бара за вработување, е дефинитивно неговото „височество“ продавачот.

Уште не стартува разгледувањето на законите за стратешките инвестиции, бура од реакции во јавноста, од кои најголемиот дел негативни. Иако станува збор за големи инвестиции, кои треба да ја подобрат енеретската стабилност на земјата, инженерите велат дека се даваат премногу предности на инвеститорите, а за возврат државата не станува сопственик на централите.

Повторно на Берзата помина блок трансакција со акциите на Комерцијална банка.  Трансакцијата се случила во текот на вчерашниот ден, и овој пат станува збор за малку посериозен акционерски пакет, но и сума што е платена од купувачот кој ги стекнал тие акции.


Слично

Поврзани вести