Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Разбиена криминална група, краделе идентитети од македонски граѓани и давале пасоши на странци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Разбиена криминална група, краделе идентитети од македонски граѓани и давале пасоши на странци

СПАСОВСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ „МАФИЈА“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес - конференција информираше дека е сузбиена група која издавала македонски пасоши на странци со туѓ идентитет, на држави на Македонија кои не поседувале биометриски документи. Во групата биле вклучени лица кои работеле во управните служби во полицијата. 

215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет. Поддршка било и лице посредник. Станува збор за лица кои се членови на нарко катртерли, за кои има меѓународна потерница, односно лица со висок ризик. 

„Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд“, рече Спасовски. 

Тој кажа дека имале обид за саботажа, но тоа не успеало. Вели дека е недозволиво застанувањето пред правдата, и дека имало лажни вести. За ова посочи кон ВМРО-ДПМНЕ. 

„За ваквите обиди за саботажа на акцијата, очекувам да се произнесе јавното обвинителство“, изјави Спасовски. 

И ДЕНЕС ИМА 45 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 562, Битола - 97, Куманово - 83, Велес -51, Струмица - 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 751 оздравени пациенти од:

Скопје – 213, Охрид – 82, Прилеп -57, Тетово - 40, Велес – 38, Битола – 36, Куманово – 33, Кавадарци – 31, Струмица – 27, Гостивар -23 , Кочани -22, Штип и Неготино – по 20, Гевгелија – 14 , Дебер и Демир Капија – по 12, Радовиш – 11, Свети Николе и Виница – по 8 ,Кичево, Берово и Пробиштип – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Крива Паланка – 4, Македонски Брод – 2, Крушево, Богданци, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 20 од Скопје (89г , 85г , 84г , 83г ,81г ,81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73,71г, 69г, 68г 67г, 66г,62г,61г, 59г, 32г ), 4 од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69 г и 56 г ), Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ПОЧНУВА ОД 20 ЧАСОТ

Од вечерва движењето за граѓаните е ограничено после 20 часот до 5 часот изутрина, а ваквата рестриктивна мерка ќе се применува до 20. април. Владата вчера донесе одлука за нови антиковид мерки по укажувањата на епидемиолозите за лошата состојба во земјава со корона вирусот.

Врз основа на анализите од претходните денови, евидентно е зголемувањето на новозаразени со Ковид-19, како и зголемувањето на бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување. Здравствените власти велат дека и покрај тоа што се уште има слободни болнички кревети, медицинскиот кадар е преморен, заради што првенствено се носат новите рестриктивни мерки.

Освен тоа, британскиот сој на вирусот, кој во моментов е доминатен во Македонија, предизвикува многу потешки клинички слики кај пациентите и тоа многу брзо по заразувањето. Лекувањето трае подолго, а компликации настануваат дури и на 12-от, па и на 14-от ден од почетокот на болеста. 

ПОЧИНА ОВЧАРОТ КОЈ ВО КОМА БЕШЕ НОСЕН ДО БОЛНИЦА

Овчарот кој имаше 63 години починал по една седмица во кома, утрово во Штипската болница, потврдиле за Телма од болницата.

Сточарот преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекарот Павле Зафиров од кратовската Итна помош преку ФБ објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Откако лекарот ја објави информацијата и фотографиите од спасувањето на ФБ, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.

НОВ ПРЕДЛОГ КАКО ДА СЕ ОДДОЛЖИМЕ НА СРБИТЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ

Додека премиерот Зоран Заев предлага српските државјани кои ќе доаѓаат во Македонија да не плаќаат патарини, од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот дојдоа плус предлози за оддложување на соседите.

Имено, Љупчо Јовановски кој е директорот на Агенцијата предлага српските туристи во земјава да имаат бесплатен паркинг, влезници за во музеи, како и попусти во кафеаните и хотелите.

Јаневски ова го предлага како благодарност за српските вакцини кои ни беа доделени бесплатно, а на Фејсбук го напиша ова:

„Подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена! Предлагам:

бесплатни влезници за сите музеи

-бесплатен паркинг во сите градови

-попуст во сите угостителски објекти

-попуст во сместувачките капацитети

-брз трансвер на граничните премини

Љупчо во статусот додава и дека досега многупати потенцирал дека целиот Балкан преставува една туристичка дестинација и во овие тешки времиња сме си потребни едни на други како никогаш досега за да спасиме животи, туризмот и економиите на нашите земји.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Да не беше пандемијата со коронавирусот, ужасните бројки на починати, како и најавите за полициски час и затворање на угостителските објекти, можеби вест број еден ќе беше пронајдениот глушец во пакување со смрзнат зеленчук во еден од нашите маркети, за кој алармираше преку фејсбук граѓанинот кој морал да се соочи со ова непријатно искуство.

„Македонијатурист“ нема да достави и објави бизнис план за оваа година затоа што не може да направи проценка за идните економски текови годинава, соопшти најголемата македонска хотелиерска компанија

Андреј Тасев ќе биде нов член на Регулаторната комисија за енергетика, откако во ноември лани во пензија замина дотогашниот член на РКЕ, Панче Орцев.

Во Македонија се зголемиле површините засадени со сончоглед, а се намалил родот, поради неповолните временски услови.

Слично

Поврзани вести