Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Распишана е меѓународна потерница за Мијалков, бегството поттикна бурни реакции

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Распишана е меѓународна потерница за Мијалков, бегството поттикна бурни реакции

ПОЛИЦИЈАТА РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА САШО МИЈАЛКОВ

Полицијата за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков попладнево објави меѓународна потерница. 

Министерството за внатрешни работи ја промени објавената потерница за Мијалков од национална во меѓународна. Нему вчера му е определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него. Бегството се случува непосредно пред пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата. 

Toj претходно во текот на судењето тврдеше дека нема да бега и дека тоа не е негов стил. 

ПАРТИИТЕ РЕАГИРААТ ЗА БЕГСТВОТО

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција рече дека на власта и дава 24 часа да го донесе во земјава бегалецот од правдата Сашо Мијалков. 

„Криминалната коалиција што ја обзнанивме на 22 октомври 2018 година, Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, во изминатиот викенд ја доби својата кулминација. На тој датум, кога го исклучивме Сашо Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, јавно обзнанивме за таа криминална коалиција, која не само во овие три години, туку 15-тина години наназад работи на уништување на Македонија. Наградата за тоа од Зоран Заев стигна на тој начин што му овозможи да избега од правдата. Сега имаме бегалец од правдата“, вели тој. 

Претседателот Стево Пендаровски се огласи за случајот Мијалков. 

„Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, реагира тој.

Заев е директно одговорен за бегството на Мијалков, реагираат од Левица. 

Оттаму наведуваат дека бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Зоран Заев и СДСМ е во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои, според нив Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“. 

ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ЛДП ЌЕ ДЕЛУВААТ САМИ, ЗАЕВ Е РАЗОЧАРАН

Премиерот Зоран Заев за одлуката на ЛДП рече дека тоа е легитимно право, но коалицијата е повредена и тој нивниот потег го доживува како удар врз СДСМ. 

„Право на ЛДП е да ги носи одлуките за нивното однесување во парламентот. Ние вчерса искомунициравме преку генералниот секретар на СДСМ и кажавме дека ова што го правии ЛДП е удар врз СДСМ. Можеа да почекаат петнаесетина дена, не мораше да го прават сега. Ова го ние го чувствуваме како повредување на коалицијата“. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев откако ЛДП која има двајца пратеници одлучи да ја напушти пратеничката група на СДСМ во Собранието и одлучија да дејствуваат сами.

Но, премиерот тврди дека коалицијата има целосен кворум во Собранието од 62 пратеници, а што нема пленарни седници причина е пандемијата.

ДЕНЕС ИМА 129 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 76, Кавадарци -  19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово - по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод  и Демир Капија – по 1. 

Регистрирани се 342 оздравени пациенти од:

Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22,  Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе  и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1. 

Пријавени се вкупно 13 починати лица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иако на запад за луѓето не е проблем да патуваат стотина километри за да стигнат на работа, кај нас ситуацијата е малку поразлична.

Најголемата домашна шпедиција стерилизираше сопствени 200.000 евра. Парите завршија во сопствени акции кои сега нема да носат право на глас ниту право на дивиденда. 

Железници Транспорт и во 2021 ќе направи голема загуба, а според бизнис-планот на ова акционерско друштво во државна сопственост, таа ќе изнесува 469.582.000 денари. Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

Ќе понесе ли некој одговорност, и кој за „исчезнувањето“ на Сашо Мијалков.

Во МВР владее молк, откако и по повеќе од половина ден екс шефот на тајната полиција е недостапен за органите на прогонот.

Ново време, нови предизвици кои од компаниите бараат да преземат мерки за подобрување на организација во работењето. Последните истражувања покажуваат дека работниот простор е еден од најважните фактори за зголемување на продуктивноста на вработените во една компанија.

Ништо не навестуваше дека поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, нема да биде достапен за органите на прогонот, и дека за него ќе мора да биде распишана централна потерница.

Слично

Поврзани вести