Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рашковски доби ефективен притвор, јавноста е згрозена од врсничко насилство во Велес

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рашковски доби ефективен притвор, јавноста е згрозена од врсничко насилство во Велес

РАШКОВСКИ ОД КУЌЕН ОДИ ВО ЕФЕКТИВЕН ПРИТВОР

30 дена притвор му се одредени на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој претходно доби куќен притвор, а обвинителството тогаш најави жалба. 

Рашовски заминува во притвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифати денеска жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судијата на претходна постапка кој му определи куќен притвор. 30-дневен притвор доби и на управителот на фирмата Инвока, за случајот со спорната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.

Обвинителството истрагата ја отвори во четвртокот, а во петокот Рашковски и Даниел Станчев беа изведени пред судија на претходна постапка. 

СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС

Вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи. 

На твитер осамна видео од профил Виќо инспектор, на кој се гледа како 12 годишно девојче од Велес е нападнато од своја врсничка додека телефонски бара помош од својата мајка, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството.

МВР излезе со детали за насилството на малолетници во Велес, за кое се појави виодео, кое ја вознемири цела јавност.

Малолетничката која нападна девојче, како што се гледа на снимката, имала само 12 годинио, а два дена претходно нападнала и другои девојче. 

Против нејзин родител кој има 39 години ќе биде поднесена пријава за негрижа на дете. 

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ИНФОРМИРАШЕ ЗА 47 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.

Регистрирани се 765 оздравени пациенти од:

Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 47 починати лица. 

ОБВИНУВАЊА ЗА БОГДАНОВИЌ ДЕКА БИЛ ВО РЕСТОРАН

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Саша Богдановиќ. градоначалникот на Општина Центар, бил затекнат во ресторан во Дебар Маало во услови кога не е дозволено работење на угостителите.

„Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час. Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани. Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ“, тврди пратеникот Бојан Стојаноски.

Тој тврди дека ова се случувало за време на полициски час и побара оставка од градоначалникот. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Саша Богдановиќ, за кршење на протоколите и законите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Слично

Поврзани вести