Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рама од Скопје порача дека ако не се направат уставни измени, Македонија ќе се врати во изолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рама од Скопје порача дека ако не се направат уставни измени, Македонија ќе се врати во изолација

РАМА ВЕЛИ ДЕКА БЕЗ УСТАВНИ ИЗМЕНИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ВРАТИ НАЗАД

Според албанскиот премиер, Еди Рама, фатално ќе биде ако не се смени Уставот за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Вели дека ќе биде лошо ако по толку работа, Македонија се врати во изолација. 

„Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми“, изјави Рама.


Се договоривме за иницијативите на Груби за суво пристаниште во Струга и за нов граничен премин Поградец-Струга, вели албанскиот премиер Еди Рама. 

Постигнат е договор на денешната заедничка седница на Владите на Македонија и Албанија што се одржа во Скопје. 

„Проектот за суво пристаниште го земаме под наша одговорност преку холандска компанија, која го има проектирано новото комерцијално пристаниште, но и воена инфраструктура во Драч, како и сувото пристаниште во Приштина. На овој начин мислиме дека создаваме една комплексна инфраструктура во функција на зголемување на волуменот на интеракција на нашите држави што беше наш приоритет, но и приоритет на иницијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес“, рече Рама.

MAKЕДОНСКА ТУРИСТКА ТУРНАТА ВО ИСТАНБУЛ ВО ПАНИКАТА ПО НАПАДОТ

Од Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција нема информации за директно настрадани или повредени македонски државјани, освен тоа дека една туристка од Македонија е турната во паничното стампедо при експлозијата во Истанбул.

– Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми повреди, таа е веќе вратена во земјата, информира МНР.

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ ВО М-НАВ

Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција ги објави платите на двајца директори во М-НАВ, телото кое ги регулира воздушните прелети во Македонија. 

Според опозициската партија, „Афера Паразити“, покажува дека овие двајца функционери именувани од Владата за еден мандат ќе заработат заедно 473.000 евра.

Според Томовски, извршните директори Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно 266.000 денари.

НАПАДНАТА НОВИНАРСКА ЕКИПА

Сопственикот на куќата која е пријавена како престојувалиште на Украинецот Олександр Онишченко ја нападна екипата на Тв 24. 

Сопственикот на куќата на чија адреса е пријавен дека живее (иако Онишченко никогаш не бил во куќата) Украинецот гонет за  корупциски скандали и проституција, најдрско и ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата.

Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, потврдуваат за ТВ 24 од истрагата. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Имаме инфлација од скоро 20 отсто, ниски плати, се жалиме за лошиот животен  стандард, но кафулињата се полни не само за викенди, туку и во работни денови.

Од соопштението што е јавно достапно на сајтот на Македонска берза е повеќе од уочливо дека менаџментот на ЗК „Пелагонија“ отворено кажува оти битолски извршител на конкретен начин употребил „прекумерна сила“.

Заемите од Меѓународниот монетарен фонд и од Светска банка го поминаа собранискиот филтер, и наскоро средствата кои овие институции ни ги страваат на располагање ќе може и да се користат. 

Градежната компанија Фабрика Карпош има промени во раководните органи. Избран е нов претседател на Управниот одбор, а досегашниот останува да биде член на овој орган на управување. 

Слично

Поврзани вести