ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рама е среќен за почетокот на преговори, но жали што Македонија е раздвоена
РАМА ЖАЛИ ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОЧНА ПРЕГОВОРИ
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека жали што неговата земја почна преговори со Европската Унија(ЕУ), а Македонија не.
Тој вели дека Македонија била понижена. Според него, со оваа одлука за раздвојување се прави штета на регионот и на народов. Рама изјави и дека Македонија беше пред 20 години неспорно ориентирана кон западната евроатлантска заедница, а сега работите се менуваат.
„Тажен сум што нашите браќа од Македонија не може да влезат во фазата од преговорите во кои сега е Албанија, иако беше меѓу првите, ако не и прва, што го почна овој процес меѓу државите во регионот. Па кога зборувам за нашите понижувања затоа што трипати по ред бевме одбивани за почеток на пристапните преговори, тогаш се чувствувам некако засрамено затоа што морам да помислам на понижувањата на Северна Македонија. Тие го сменија името и за да можат да започнат преговори. Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја“, рече Рама.АХМЕТИ И СЕЛА УПАТИЈА ЧЕСТИТКИ ДО АЛБАНИЈА
Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Али Ахмети денеска му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за почнувањето на преговорите со Европската Унија(ЕУ).
Вели дека ова се одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа.БЕРБОК УПАТИ ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Берлин рече дека понатамошниот евроинтегративен процес на Македонија ќе продолжи само со едногласна одлука на земјите членки на ЕУ.
Таа во изјава за Дојче Веле вели дека сè додека во Европската унија се одлучува едногласно, Македонија мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне пристапните преговори со ЕУ. Според Бербок, во овој случај не станува збор за неправда, туку за почитување на правилата на ЕУ, иако и таа самата вели дека се залага за укинување на принципот на едногласност во ЕУ, особено во делот на проширувањето.ПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ
Oд „Вреди“ велат дека основањето на Албанската академија на науки е при крај.
Неа ќе ја финансираат општините чии градоначалници се од редовите на коалицијата „Вреди“. Градоначалниците на коалицијата заедно со претседателите на општинските совети и академици денеска во Тетово одржаа работна средба на тема годишно финансирање на проекти од суштинско значење за унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“. Божидар Јанковски, сопственикот на „Дајнерс клуб Македонија“, најавува јавна понуда на акции (ИПО) со што ова акционерско друштво би привлекло инвеститори и би станала котирана компанија на Македонската берза.
По ГТЦ, на ред дојде и Тутунски комбинат од Прилеп. Акционерските друштва каде што Владата е мнозински сопственик, ги менуваат досегашните членови на управните одбори, поставени од претходната власт.
Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција? Компанија која постои веќе 35 години, според достапни расположливи податоци, е субјект што ќе исплати наголема дивиденда по акција во нашата 30 годишна корпоративна историја. Извршителот од Битола, Николче Диневски, го заплени уделот од 100 отсто на земјоделскиот комбинат АД „Пелагонија“ во биогасната централа Пелагонија Енерџи од Логоварди.
Бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија неколку месеци по рад се намалуваше. Но, во август по шест месеци постојано намалување, Агенцијата регистрираше нов раст на невработените.
Која фирма колку вреди и колку би чинела доколку сите нејзини акции се продадат одеднаш, во исти момент.
Откако одлучија да продолжат сами, односно не ја прифатија понудата за купување од Комерцијална банка, во Стопанска банка Битола се случуваат промени во органите на управување.
