Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО

ШЕКЕРИНСКА СТАНА ВТОР ЧОВЕК ВО НАТО

Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.

Поранешната министерка за одбрана ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на овој воен сојуз. Ова го потврди генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата.

Советот на амбасадори го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО и велат дека нејзината функција во НАТО е голем успех и за државата. 

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.

Американската амбасадорка Ангела Агелер, го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ.   

Екс-премиерот Зоран Заев и упати честитка на Радмила Шекеринска за новата функција.

БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАЗОЧАРАНИ ШТО ГАБРИЕЛ НЕ ЈА ДОБИ ПОЗИЦИЈАТА ВО НАТО

Бугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел. Во Софија се лути поради оваа одлука. 

Новата позиција на Шекеринска во НАТО особено е тема на дискусија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. 

ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

Вработените во здравствените инситуции во земајва во следните години ќе добиваат поголеми плати. Како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка пресконференција со претставниците на синдикалните организации од здравствениот сектор, во следните години ќе добиваат во просек од 5 до 10 проценти зголемување на платите. 

УКРАИНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО АTACMS

Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници.

Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По години апели од наставниците, стручната јавност и родителите, Министерството за образование конечно направи значаен чекор кон подобрување на квалитетот на основното образование. 

Четири члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе бидат разрешени по одлука на Владата на Република Македонија оджана на почетокот на месецов.

Медиумите пред неколку дена објавија дека во Федерацијата Босна и Херцеговина(БиХ) минималната плата ќе се зголеми на 600 евра.

Блок трансакција со вкупна вредност од над 43 илјади евра со акциите на градежниот гигант „Гранит“ помина вчера преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Апсурдот на ефектите од либерализацијата на пазарот за електрична енерија кај државни органи и јавни установи болно се огледа во примерот на највисоката научна установа од својата дејност – Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“. 

Вивек Рамасвами е политичка ѕвезда во подем на Републиканците, кандидат за претседател на САД, биотек милијардер и нов министер во Владата на Доналд Трамп кој заедно со Илон Маск ќе го предводат новиот департмент за владина ефикасност (DOGE).

Слично

Поврзани вести