Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радев упати провокативна изјава кон Македонија, Пендаровски му одговори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радев упати провокативна изјава кон Македонија, Пендаровски му одговори

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРИЈА

Нови провокативни изјави доаѓаат од Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев ги обвини македонските политичари за обид за градење идентитет врз основа на комунистички фалсификати, а не врз историски вистини. За реакциите во Македонија по отворањето на културниот клуб во Битола, кој го носи името на Ванчо Михајлов, Радев утринава одговори дека кога веќе се зборува за фашизам, треба да се нагласи улогата на Михајлов – тој му се спротивставил на Хитлер да ја вовлече Македонија во, како што рече, братоубиствена војна со Бугарија.

„Не Иван Михајлов, туку други луѓе, во југословенската диктатура во Македонија, убиваа и протеруваа десетици илјади во концентрациони логори, само зашто решија да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Ете тоа е вистински фашизам“, рече Радев.

На оваа изјава одговори неговиот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски. 

„На територијата на Македонија никогаш немало концлогори, ниту тогаш, ниту денес. Бројката од десет илјади наводно убиени е лага, практично гола конструкција за политички цели“, рече Пендаровски.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека македонскиот јазик е дефиниран, ние сме народ со посебен идентитет и тоа никој не може да го коментира. 

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на социјалните мрежи пишува дека да се зборува за идентитетот на друг човек, а не па за идентитетот на друг народ, е дрско, безобразно и непристојно, алудирајќи на провокацијата од бугарскиот претседател Румен Радев. 

ГРУЕВСКИ ДОБИ СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на првостепена казна затвор од седум години за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот  од првообвинетиот во случајот „Плацеви на Водно“. 

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за перење пари доби казна затвор една година и три месеци, во која казна се засметува времето поминато во притвор. Јордан Камчев за перење пари е осуден со казна затвор една година во која му се засметува времето минато во притвор.

Кумот на Груевски, Ристо Новачевски, за перење пари доби алтернативна мерка условна осуда од три години. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ за перење пари алтернативна мерка казна затвор од две години.

Eкс премиерот Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи и ја коментира пресудата за случајот „Плацеви на Водно“. 

Тој вели дека Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година.

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ПОВИКАН ВО ОЈО

Во ОЈО денеска го повикале Петар Богојески од Македонски концепт за да даде исказ по кривична пријава која му ја поднела МВР.

Тој обвини дека случајот против него е политички прогон. 

„Беше на писмено напоменато дека во случај да не се појавам, ќе бидам притворен и спроведен пред обвинител. Кривичната пријава се однесува на искажани политички ставови во јавноста, МВР констатирале „ксенофобија” (страв од странци) кај мене и поради истото одлучиле кривично да ме гонат и да се закануваат со притвор“, изјави Богојески.

САД, ШПАНИЈА И ДАНСКА ВЕТИЈА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

Уште две европски држави ветија воена помош за Украина. Велат дека нема да го напуштат украинскиот народ. 

Данска ќе  помогне со 90 милиони евра воена помош, а Шпанија со 200 тони воен материјал.  При посетата на украинската престолнина Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Охрид, Струга, Берово, Крушево, Дојран за претстојните празници ќе бидат полни со гости.

Резултат од владината мерка за замрзнати цени на зејтинот е загуба „во супстанца“ од 190.000 евра за само еден месец на прилепска „Витаминка“ – втор најголем производител на зејтин во земјава! И капак на се е тоа што вчера министрите Бектеши и Николовски во „посета“ на велешки „Кристал“ на јавноста и порачаа дека нивните мерки биле успешни, но литар зејтин ќе чини од 120 до 150 денари, тоа е!

„Спорт Лајф обложувалници“ e компанија која работи на пазарот на игри на среќа од 2002 година. Во моментов брои над 200 уплатно-исплатни места низ целата држава и преку 900 вработени, бројки и показатели кои се во постојан подем. 

Македонија побарала од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) двегодишна линија - Заем за претпазливост и ликвидност таканаречен ПЛЛ. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки на Фондот кои имаат здрави економски основи, добра политичка рамка и политика, а линијата може да помогне во заштитата на економиите од надворешни шокови преку однапред обезбеден пристап до ресурсите на ММФ.

Само за еден месец, штедните влогови на граѓаните во денари во домашните банки се намалиле за дури 117,5 милиони евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. 

Скопската цементарница УСЈЕ присоединува кон себе две друштва, и тоа трговското друштво ИД Компани, како и Опалит, друштво за неметали, кои ги купи пред околу година и половина. 

Агенцијата за електронски комуникации втора година по ред е донатор на Владата. Овој пат изминатата година и биле исплатени половина милион евра, или поточно 31.732.385 денари, пишува во извештајот на регулаторот за 2021.

Слично

Поврзани вести