Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радев не сака посредници, дали некој сака да го подели Балканот?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радев не сака посредници, дали некој сака да го подели Балканот?

РУМЕН РАДЕВ НЕ САКА ПОСРЕДНИЦИ

Нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје, вели бугарскиот претседател Румен Радев. 

Според него, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. 

„Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение“, изјави Радев. 

ДАЛИ НЕКОЈ САКА ДА ГО ПОДЕЛИ БАЛКАНОТ?

Договорот за соседство меѓу Бугарија и Македонија не треба да се менува, посочуваат за БНТ, историчарот, проф. Христо Матанов и новинарот Николај Крастев.

-Заедничката посета е чекор во вистинската насока. Во случај да не сте забележале, македонскиот претседател рече нешто за промена на Договорот за соседство. Играта е геополитичка, да создаде тешкотии за ЕУ. Ние не сме од прв интерес за Европската унија, сега темата е Белорусија, коментира проф. Матанов.

Тој е скептичен во врска со работата на мешовитата комисија меѓу двете земји. Бугарската дипломатија сè уште тврди дека сме мали, рече проф. Христо Матанов.

Новинарот Николај Крастев коментира дека е крајно време да се обнови дијалогот, да се рестартираат односите меѓу Бугарија и Македонија.

ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД

Во последните 24 часа се регистрирани се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид -19, информира Министерството за здравство. Најмногу новозаболени повторно има во Скопје или 29. Во останатите градови има едноцифрен број на нови случаи - Прилеп – 7, Куманово - 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти, но во последното деноноќие има 13 починати лица. Најмладиот е 51 година и е од Скопје. Од главниот град починале вкупно 5 лица коиимаат 51, 63 години,68 гдоини и 81 и 88 години, 3 лица од Струмица (62, 74 и  88 години, 2 лица од Битола ( 68 години и 82 години) и по едно лице од Тетово (71 години), Гостивар (80 г.) и Струга (81 година).

Од пријавените, 4 лица  се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

50-ТИНА УЧИЛИШТА ПРЕД ШТРАЈК

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, вели дека 50-тина училишта ширум земјата би можеле да влезат во штрајк, поради тоа што наставниците кои вршат настава со физичко присуство не добиле додатоци на плата.

Наставниците од прво до трето одделение кои одржуваат настава со физичко присуство не добиваат додатоци на плата, а имаат двојно повеќе часови со оглед на тоа што големите паралелки се поделени во две групи. Поради тоа, еден час се одржува два пати.

Неделков вели дека Министерството за образование доставило средства за оваа намена до општините, но некои од нив не им ги префрлаат на училиштата. Како што најавува првиот човек на СОНК, веќе има една официјална најава од основно училиште од Куманово, но најверојатно ќе се придружат и останатите од овој град. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Прекумерното работење физички и психички ги оптоварува работниците и води кон здравствени проблеми.

Државата морала со 76 милиони денари дополнително да ја субвенционира Агенцијата за вработување лани, за да ги исплати надоместоците зо социјалното осигурување во случај на невработеност. 

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека Ковид-19 дефинитивно се смирува во Македонија. Во главниот град, кој изминатите месеци, кога беше налетот на третиот пролетен бран на корона вирусот, беше рекордер по бројот на активни случаи, сега има само 1025, а во повеќе градови во земјава бројот на активни случаи е едноцифрен.

Безмалку 213 милиони денари наплатила државата од Данокот на додадена вредност (ДДВ) во првиот квартал годинава и сумата е поголема од истиот период мината година за над 11 проценти. Во првите три месеци во 2020 година по овој основ во буџетот се собрале 191 милион евра. 

Српските туристи со смарт картичките побргу ќе ги минуваат наплатните станици на патарината долж Коридор 10, гласи одговорот од „Државни патишта“ на прашањето на „Фактор“ зошто едноставно на возилата не им се издаде документ на граница како алтернативен начин во овој случај.

За фантастични 70 отсто се зголемила добивката на „Клинки јади“ во пандемиската 2020 година, покажуваат официјалните податоци. Оваа скопска компанија за достава на храна од рестораните до домовите на граѓаните стана доста популарна по прогласувањето на пандемијата и затворањето на угостителските објекти.

Слично

Поврзани вести