ФАКТОР НА ДЕНОТ: Работник загина во трагедијата во Кисела Вода, тројца се повредени
РАБОТНИК ЗАГИНА ВО НЕСРЕЌАТА ВО КИСЕЛА ВОДА
Едниот од работниците кои утрово беа потрупани со земја е починат, при спасувачка акција на затрупани работници при ископ на темели за нова зграда во Кисела Вода.
Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место на локацијата во Кисела Вода, каде што при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.
Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО БАРА ОТШТЕТА
Фирмата „БИТ ТИМ“, сопственост на Михаил Јованов, син на Дејан Јованов – Деко, поднесе приватна тужба против осуммина млади од Кочани, барајќи отштета од нешто помалку од 25.000 евра за штетата нанесена во кафе барот „Класик“ во Градскиот трговски центар.
Станува збор за инцидент што се случи на 17 март, ден по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кога во ескалација на протестите беше демолиран локалот – искршени беа излози и дел од инвентарот, меѓу кои столови, маси, телевизори и украсни растенија.ЗА ШВЕРЦ И ЕСТЕТСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ПРИВЕДЕНИ СЕ 14 ЛИЦА
Од шверц до естетски интервенции, под истрага е мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните, соопштија од Основното јавно обвинителство(ОЈО).
Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група.
Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, меѓу кои и доктори од ЈЗУ „8 Септември“ и ЈЗУ „Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје“, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации и лица кои организирале транспорт и дистрибуција на нелегално внесени лекови и медицински помагала.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Инвеститор на новата зграда во Кисела Вода каде што при изградба на темелите загина еден работник а други тројца, при излизгување на земјиштето, со повреди завршија во Ургентниот центар во Скопје е Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Општина Аеродром.