ФАКТОР НА ДЕНОТ: Работна група ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“
РАБОТНА ГРУПА ЌЕ ГО ИСТРАЖУВА „ИЗВОЗОТ НА МОЗОЦИ ЗА НАУЧНИ ЦЕЛИ“
Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во САД. Ќе се проверува дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија.
ТОШКОВСКИ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ЕФЕКТИТЕ КОИ ПОЧНУВА ДА ГИ ДАВА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“
МВР соопшти дека 651 прекршоци се регистрирани вчера преку „Безбеден град“, а од нив 585 за брзо возење.
-Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава, информира полицијата.
ССМ НАЈАВИ БЛОКАДИСојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави блокади поради тоа што платите не се зголемени.
На 10 февруари се најавени блокади што ќе почнат пред Собранието, а два дена подоцна ќе продолжат пред зградата на Стопанската комора. За 17 февруари, пак, е планирана блокада на Владата.
ПРЕВОЗНИЦИТЕ СЕ БЛИСКУ ДО РЕШЕНИЕ
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската комисија, меѓу кои и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти.
На состанокот учествуваа и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и европски интеграции од земјите на Западен Балкан – Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
Фокусот на разговорите беше надминување на проблемите со кои се соочуваат превозниците во земјите од Шенген зоната, како и изнаоѓање долгорочни и одржливи решенија за транспортниот сектор.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
