ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пропадна Законот за амнестија, Лога најавува нов со редовна постапка
ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НЕ ПОМИНА СО БРЗА ПОСТАПКА
Собранието не го прифати предлогот по скратена постапка да се донесе законот за амнестија. На гласањето за потребата од негово носење „против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.
Претходно министерот за правда Кренар Лога овој предлог го бранеше со пренатрупаноста во затворите и нехуманите услови. Министерот пред почетокот на седницата им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите.
Вчера заменичката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ од Охрид и индиректно кажа дека СДСМ се против законот кој во Влада го протурка Лога, а кој премиерот Димитар Ковачевски најпрво го поддржуваше и бранеше, но подоцна се огради поради сознанијата дека со него ќе се амнестираат и осуденици во „Монструм“.
За попладнево тројцата министри од Алијанса најавија заеднички брифинг, така што не е јасно сѐ уште како ќе реагира Алијансата за Албанците на ваквата коалициска „рампа“.РЕАКЦИИ ЗА СКАНДАЛОТ НА „САМО ВИСТИНА“
Откако во синоќешната емисија на Само вистина на Канал 5, Рамадани обвини дека телевизијата прави етничка дискриминација, по што следуваше реакција во живо на директорот на телевизијата, Иван С. Мирчевски, тој до отворено обраќање му де обрати на Рамадани но и на сите политички субјекти во земјата.
,,Ова вечер што вие Рамадани го направивте е класичен напад врз новинар/медиум што според последните законски измени е НАПАД ВРЗ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ чл.382 од КЗ на Македонија, па ќе се обидeме на пластичен начин да ви го објаснам вам, но и на останатите политичари:Актерот Сашо Тасевски во свој стил распали за синоќешните случувања во Канал 5 телевизија.
НЕВРЕМЕ ВО ЕВРОПА, ИМА И ЖРТВИ
Најмалку шест луѓе загинаа во невремето кое ја зафати Европа. Настрдаа две лица во Белгија и по едно во Шпанија, Франција, Германија и Холандија. Во Белгија загина и дете на возраст од 5 години.
Невремето Киаран предизвика прекин на железничкиот сообраќај во Фландрија, а возовите кои сообраќаат во Белгија се движеле со намалена брзина. Во Антверпен е во прекин поморскиот сообраќај, а на аеродромот во Брисел има одложени летови и големи доцнења.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
