Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промени на политичката сцена, Мицкоски објави ново мнозинство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промени на политичката сцена, Мицкоски објави ново мнозинство

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ОБЈАВИ НОВО МНОЗИНСТВО

Имаме ново парламентарно мнозинство, oбјави на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, пишува тој. 

На фотографијата се со челниците на Алијансата за Албанците, Левица и БЕСА.

„Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Тоа е официјално. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и Беса. Имаме 61 пратеник со тенденција да стасаме до 64“, изјави Апасиев.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во изјава за Сител телевизија вечерва изјави дека денеска имало иницијатива за собирање на потписи за интерпелација на Владата.

РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ ВО ОСТАВКА, ПАРТИЈАТА ЌЕ СЕ РЕОРГАНИЗИРА

Oд СДСМ велат дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство. 

На денешниот состанок на раководство на СДСМ претседателот Зоран Заев информирал за консултациите и разговорите со коалициските партнери.

СЕ ОГЛАСИ АНБ ЗА НАСТАНОТ ОД ВЧЕРА

Агенцијата за национална безбедност попладнево демантираше дека имало апсења или инволвираност на вработени на АНБ, изнесени во текот на вчерашниот ден во повеќе медиуми. Тврдат дека не е точно дека било кој од вработените на Агенцијата е ангажиран како истражител на Јавното обвинителство согласно член 50 од Законот за кривична постапка.

ДЕНЕС ИМА НАД 600 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако нема туристи, нема ниту работа за туристичките водичи. За нив ова е уште една лоша година.

Правните експерти од областа на енергетиката велат дека донесената уредба со која може да се прогласи вонредна енергетска криза е донесена задоцнето. 

Прв пат оваа година граѓаните кои сакаат да ја примат вакцината против сезонскиот грип се пријавуваат на страницата vakcinacija.mk, за разлика од изминатите години, кога тоа го правеа матичните лекари, иако овие вакцини во нашава земја се уште не се пристигнати.

Вкупен промет од над 930 милиони денари (15,1 милион евра) е остварен на Македонската берза во октомври годинава што е за дури 51 отсто повеќе споредено со претходниот месец. Прометот во класичното тргување се зголемил за над 13 отсто, но парите кои се свртеле низ блок трансакции пораснале за дури 380 отсто.

Слично

Поврзани вести