ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пролетен распуст веќе нема да има, а покачување на платите во образование дури во март
ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА
Пролетниот распуст за учениците нема да има, најави денеска новата министерка за образование и наука Весна Јаневска.
Таа рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици.
„Не, нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што скедната година нема да има пауза на пролет“, рече Весна Јаневска.СПАСЕНА ПОВРЕДЕНА ТУРИСТКА ОД ЧЕШКА
Од Центарот за управување со кризи(ЦУК), соопштија дека во драматична комбинирана акција на Галичицa, е спасена туристка од Чешка.
„Во комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2.000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, прво на спасителите, а потоа, по давањето на прва помош, транспорт и на повредената до најблиско место за давање соодветна специјализирана медицински третман“, извести ЦУК.МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН СПРЕМАЛ НАПАД ВО АВСТРИЈА
Во голема операција во Терница, припадниците на австриската полиција уапсија две лица поврзани со Исламската држава (ИД), кои планирале напади на концертите на Тејлор Свифт во Виена.
Австриската полиција на итно свикана прес-конференција соопшти дека двајца млади момчиња планирале напади во поширокото подрачје на Виена, а една од нивните цели биле концертите на позната светска ѕвезда.НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИ МАСАКРОТ КАЈ КАРПАЛАК
Денес се навршуваат 23 години од заседите на Карпалак.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Како се живее од продажба на семиња и ѓубрива и дали добро се заработува од земјоделие, во најновиот подкаст „Бизнис муабети“, на Фактор, разговараме со Огнен Оровчанец, сопственик на Агроунија, компанија за семенски производи и ѓубрива, која на пазарот е 35 години.
„Американ Хоспитал“, крајниот сопственик од Тирана кој пред една година не успеа да ја купи болницата „Жан Митрев“ иако беа во финални преговори, сепак влезе во Македонија како инвеститор и нов газда на ВФВ Поликлиник, отворена во скопски Бутел пред три години од бизнисменот и поранешен владин бизнис промотор Ферки Демировски и поранешниот министер за економија Беким Незири.
Словенија ова лето ни помогна за справување со пожарите, но и пред неколку години го стори истото. Оваа држава може да се пофали со голем број на пожарникари доброволци кои се обучени да реагираат во случај на појава на пожар. Од Сојузот на пожарникари на Словенија за Фактор ни објаснија дека со години работат на тоа да бидат спремни за борба со пожарите.
Не „штанца“ тендери на заминување само раководството на РЕК Битола. И нивните шефови од „централата“ односно менаџментот на ЕСМ вчера објави „тајна“ јавна набавка за струја за два дена ќе плати 2 милиони евра (наши очекувања според актуелни берзански цени н.з.)

Слично