ФАКТОР НА ДЕНОТ: Проектот „Безбеден град“ стартува во Скопје, Тетово и Куманово од јануари 2026
ВО 2026 ГОДИНА СТАРТУВА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ТРИ ГРАДА
Системот „Безбеден град“ е замислено да функционира во цела државa, но за почеток ќе почне со имплементација во Скопје, Тетово и Куманово.
Казна затвор и трајно одземање на колите се дел од казните од проектот „Безбеден град“, со кој преку камерите на улиците ќе се регистрираат прекршоци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска кажа дека проектот ќе почне да функционира од 1 јануари 2026 година.ЖИЧНИЦАТА ПОВТОРНО Е СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА
Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата е повторно во функција.
„Почитувани корисници на жичницата Милениумски крст, по изминатиот период во кој се спроведе предвидениот годишен сервис, жичницата од денес е ставена повторно во функција. Ве очекуваме на падините на Водно“, се вели во соопштението.
ЌЕ СЕ НАПРАВИ ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО ВО КАВАДАРЦИ
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда со смртни последици, согласно член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
