ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжуваат прозивките меѓу Мицкоски и Груевски, а со став се јави и Љубчо Георгиевски
ПРОДОЛЖУВААТ ПРОЗИВКИТЕ ЗА ТОА ДАЛИ ИМАЛО ТАЈНИ РАЗГОВОРИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за ситуацијата со екс премиерот Никола Груевски во интервју за Алсат М изјави дека Груевски сега се прави дека ништо не знае, но има докази за оската со ДУИ и СДС, а воедно е добро и да се проговори за поделените УСБ и документи.
„Има некои луѓе и политичари кои секогаш се прават дека се отсутни од времето. И понекогаш се обидуваат поради својата голема фрустрација и самобендисаност да ги навредуваат останатите и тоа го прават на примитивен начин. Тоа што имав да го кажам за оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски го кажав јасно и гласно. Кажав кои се причините зошто тоа го кажувам“, изјави Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека тоа што го објавил се должи на една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат и до него и до ВМРО-ДПМНЕ.Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски упати порака до екс премиерот Никола Груевски кој е во Будимпешта како политички азилант.
Вели дека тоа што Груевски му го правел нему, сега му го прават на него сопартијците.
БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ОБЈАВИ СИТЕ ШТО ИМААТ БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.
Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци.
„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен.ПРИТИСОЦИ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ
Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов им се закани на Македонците од Пустец дека ќе им бидат одземени бугарските пасоши, ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија.
Стојанов во постот на социјална мрежа пишува дека веќе има еден таков случај.
Македонците од Албанија не се на продажба, порача Oбединетата Македонска Дијаспора (ОМД).
Обединетата македонска дијаспора - ОМД денеска упати порака до Македонците кои живеат во Албанија слободно да се изјаснат како Македонците на пописот на населението што од понделеникот се спроведува во Албанија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Блок трансакција на Берзата помина со акциите на домашната градежна компанија „Гранит“. Станува збор за продадени на познат купувач 10.000 акции на ова акционерско друштво, и тоа по цена од 1.147 денари за акција.