„ЦРНАТА“ КАМПАЊА ПРОДОЛЖУВА
СДСМ денеска со нови докази за бугарското државјанство на независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. На прес-конференцијата што ја одржа пратеничката, Славјанка Петровска од СДСМ, беше нагласено дека не само таа, туку дека целото нејзино семејство има бугарско државјанство.
Кога оваа кампања од кампања за локални избори противкандидатот ја направи црна кампања, наместо да им се каже на граѓаните што ќе прави за нив се виде кој каков интерес има, рече независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
„Погледнете ги пораките што се испраќаат на наша активистка, мајка, за нејзиното дете! Ова е недозволиво, срамно и загрижувачки! Барам МВР веднаш да спроведе детална истрага, а ние ќе направиме сè семејството да остане анонимно за да немаат дополнителни трауми од поединци, пишува Димитриевски.
Активист на СДСМ бил прободен со нож во Влае.
Пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ кажа дека криминална вооружена група нападнала нивни активисти, пришто еден од нив е повреден со нож, а друг има скршена аркада. ОД КОРОНА ПОЧИНА МЛАДО ДЕВОЈЧЕ, ДЕНЕС ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово почина 17 годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана. Тегобите кај пациентката биле 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево - по 5, Струмица и Берово - по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар - по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.НОВИ ДЕТАЛИ ЗА „ПЛАЦЕВИ“ НА ВОДНО, ГРУЕВСКИ НЕГИРА
Eкс премиерот Никола Груевски реагира на денешното сведочење на Александар Ивановски-Алек Теранова во случајот „Плацеви на Водно“, и вели дека не терал никого да купува нешто за него.
Тој е во Унгарија каде доби политички азил, и на Фејсбук реагираше за денешното сведочење.
„Во врска со земјиштето на Водно за кое незаконски сум обвинет и без елементарен доказ, Александар Ивановски потврдил дека со мене немал никаков контакт, но дека во некоја подоцнежна фаза претпоставувал дека станува збор за мое земјиште, па дури и дека лицето кое побарало да посредува со продавачите наводно тоа му го признало во еден момент, но дознав и тоа дека тоа посочено лице од Александар Ивановски подоцна во текот на рочиштето го негирало тоа“, напиша Груевски на Фејсбук.
Тој воедно додава дека имало многу контрадикторни сведочења на Ивановски за ситуации каде, посочува Груевски, воопшто не учествувал.

Според сведочењето, Груевски, преку унгарски број му се јавувал на бизнисменот Алек Теранова и кај него барал стан во Центар во кој би живееле неговата сопруга и децата.

Питер Марки-Заи, кандидат за нов претседател на унгарската влада избран од здружената опозиција, најави екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија доколку победи на пролетните парламентарни избори во Унгарија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕЗа органодонаторството постојат уште неколку други имиња-хуманост која не познава граници, добрина без хоризонти, благородност и безгранична човечката љубов во моменти кога се губи најмилиот, а се носи одлука да се дари живот некому кому лекарите му прогнозираат месеци, па и само неколку денови до смртта.
Министерството за економија во моментов подготвува нова одлука за да се продолжи важењето на таа која истекува на 31 октомври годинава, а се однесува на намалување на увозните давачки, царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на напредни технолошки производи, дознава Фактор.
Владата склучила на 21 октомври два договори за чистење и за одржување на зградите во кои се сместени сите органи на државната управа кои заедно вредат безмалку 7,7 милиони евра.
Ноќните журки конечно можат да почнат. По 19 месеци клуч на врата поради мерките за заштита од коронавирусот, последни од сите објекти најпосле ќе можат да се отворат и кабареата, ноќните клубови и дискотеките кои работат во затворени простории.