ФАКТОР НА ДЕНОТ: Приведен е Стефан Богоев, a во акцијата се уапсени уште три лица
ПРИВЕДЕН Е СТЕФАН БОГОЕВ
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција, спроведува акција поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.
„Под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае. Како што знаете додека се постапува не може да се споделат повеќе детали“, информираат од ОЈО ГОКК.
Осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконитости поврзани со спроведувањето на тендерската постапка.
КОШТА ПОТСЕТИ ДЕКА ЗА ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ ПРЕГОВОРИ СЕ ПОТРЕБНИ УСТАВНИ ИЗМЕНИПретседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта попладнево во Скопје изјави дека останува условот за уставни измени за да може Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ).
Кажа дека усвојувањето на уставните измени е единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори. Тоа значи отклучување на процесот. Кошта рече дека само треба да се направи она што е договорено во 2022 година и ништо повеќе. Нагласи дека ЕУ е најголем инвеститор и трговски партнер на Македонија.
„Моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце“, кажа Кошта.
Вели дека македонската Влада прави напори во однос на реформите. Поздрави дел од мерките кои се направени, како и усогласувањето на надворешната политика.ВЛАДАТА ГО УСВОИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ
Владата го усвои новиот Закон за заштита од пушење. Се затвора „сивата зона“ за терасите, а угостителите добиваат една година грејс-период.
Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од ресорното министерство соопштија дека ова претставува важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор.
АНДОНОВСКА БАРА РЕВИЗИЈА ВО ИЈЗ
Актуелното раководство на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) открило низа неправилности во работењето на институцијата, меѓу кои исчезнат интернет-кабел долг 15 километри, вреден околу 15.000 евра, како и недостиг на документација за набавена опрема.
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, изјави дека во институцијата не била спроведена ревизија од 2017 година, а при внатрешните проверки се констатирани повеќе спорни набавки и договори. Набавени биле компјутери, лаптопи и мобилни телефони „ајфон“, но за дел од опремата постојат само барања за набавка, без реверси или трага каде завршила.
Меѓу утврдените недоследности се и договори за телекомуникациски услуги со значително повисоки износи од првично предвидените. Така, бил склучен договор за мобилни услуги во вредност од 1,6 милиони денари, иако биле планирани 800.000 денари, додека за фиксна телефонија бил потпишан договор од 1,1 милион денари наместо предвидените 550.000 денари.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Стефан Богоев
