Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Притвор за Груби и Бајрами, ќе ги бараат со потерница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Притвор за Груби и Бајрами, ќе ги бараат со потерница

ОДРЕДЕН Е ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ГРУБИ И БАЈРАМИ

По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во „Државна лотарија", кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница.

Фактор од свои извори во истрагата дознава дека Артан Груби веќе ангажирал адвокат. Тоа е Владимир Доневски, поранешниот адвокат на Драги Рашковски, кој вчера бил во Кривичниот суд да се произнесе за барањето од обвинителството за одредување на мерка притвор. Му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е спремен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на патна исправа.

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ЗА ОСУМ ЛИЦА

Полицијата поднесе кривични пријави против осум лица. 

На 13 декември годинава, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против осум лица: против П.Б. (31) за „злоупотреба на службената положба и овластување“  чл.353 ст.4, „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ, против А.Г. (47) од Скопје за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“чл. 275-в ст.3 в.в. член 24, против Д.К. (50) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против М.Д. (58) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против В.П. (41) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и продолжено кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 в.в. чл.45, против А.А. (36) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против Н.Х. (52) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 и против М.З. (38) од Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4.

АХМЕТИ ОТИДЕ НА КОСОВО

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по посетата на Косово на социјалните мрежи објави дека денеска во Приштина се сретнал со неколку политичари со кои разговарал за Косово, регионот и заедничката евроатлантска иднина.

„На Косово му требаат пријатели и сојузници и единствено решение е меѓусебното признавање, но тоа може да се постигне само со прогресивни политики и посветеност на иднината. Мојата поддршка за Косово никогаш нема да изостане. Ви благодариме за гостопримството браќа“, пишува Ахмети.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Приказната раскажана за Фактор е лична исповед на Емилија за животот по трансплантацијата, но и од перспективата на врвниот кардиохирург

Анализата на расположливите податоци на Државниот завод за статистика води кон заклучок дека скопските хотели со 4 и 5 ѕвездички оствариле најмалку 40.000 ноќевања на странски туристи во октомври.

Британската Hydrogen Utopia International PLC ќе гради фабрика за производство на енергетско гориво водород од нерециклирачки мешан отпад од пластика, а регионалните бизнис медиуми пред неколку дена објавија дека нејзината подружница, HUI2021 International UK Limited склучила договор за услуги и менаџирање со ТФ Капитал.

Поради иселувањето во странство или одењето на привремена работа надвор од границите на Македонија, граѓаните имаат потреба да ги преведуваат своите документи. 

Слично

Поврзани вести