Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

МЛАДИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ ЗАДУШИЛЕ

Кај сите жртви во дискотеката во Кочани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот, соопштија денеска деканот на Медицинскиот факултет во Скопје и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Тие соопштија дека по трагичниот настан во Кочани за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите. Како што истакнаа на прес-конференција, за ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози. Вклучени биле и тимови од МВР.

Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.

ИМА КРИВИЧНИ ЗА 34 ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција порача дека поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица, а не ја исклучува можноста понатаму да бидат опфатени многу повеќе осомничени во рамки на истрагата.

Тошковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека ќе биде земено и тоа во предвид дека во декември дискотеката била затворена од УЈП поради неиздавање фискални сметки, апотоа била повторно отворена. Додаде дека не се исклучени од понатамошна одговорност и началниците и службениците од СВР Штип и ОВР Кочани кои тој ги разреши пред некој ден, но дека за тоа треба прво да постои „одреден степен на сомнение“.

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА

Пожар се шири кај Струмица. 

Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми. Огнот се движи кон Баница. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов соопшти дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјоделски површини во еден ден. Во денови на жалост, жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“, реагираше Костадинов.

Сепак, пожарот вечерва е ставен под контрола. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Скопската пречистителна станица за отпадни води кај Трубарево, која треба да чини 190 милиони евра, се гради без информации во јавноста со која динамика и во која фаза е проектот. Она што може да се види во последните година и пол, според исплатите кон инвеститорот, односно кон операторите, е тоа дека префрлените средства не надминуваат повеќе од 25 милиони евра.

Април ќе биде месец на акционерски собранија на домашните компании кои котираат на Македонската берза. На крајот на тој месец, конкретно на 23, Собрание ќе одржи и тетовскиот комбинат Тетекс, а една од одлуките што ќе се разгледува и која ќе треба да ја аминуваат акционерите, е и онаа за распределба на ланската добивка. 

Траорниот пожар кој земјава ја доведе на ниво на национална катастрофа, а уништи еден објект, но ја зацрни цела држава, ги отвори прашањата кои се рак рана за општеството.

Од вкупно планирани 12,5 милиони евра за вложувања 90 oтсто од парите се наменети за модернизација на бензински пумпи и објекти за продажба на големо, а 10 отсто се наменети на обнова на бисерот на струшката ривиера – хотелот „Макпетрол“, дирекцијата и за набавка на ИТ опрема. Покрај вложувањата „Макпетрол“ годинава планира и 44 нови вработувања.

Слично

Поврзани вести