ФАКТОР НА ДЕНОТ: Превозниците се повлекоа од блокадите, преку дијалог ќе бараат решение
ПРЕВОЗНИЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКОА ОД ИЛИНДЕНСКА
Превозниците најавија целосно повлекување на блокадите.
Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски денеска соопшти дека прекинуваат протестите на приватните превозници. Вели дека ќе дадат простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски.
„Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда“, рече Јовановски.ТИМОТ ОД САД СИ ЗАМИНАЛ
Тимот за санкции си замина во САД.
Експертите од тимот за санкции на САД си заминале, велат од американската амбасада. Тие минатата недела се информирале за сознанија за случаи на висока функционерска корупција, за активни предистраги против актуелни и поранешни функционери. Но, не се знае што утврдиле за тие 7 дена.КОВАЧЕВСКИ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА АНКЕТНИОТ ЛИСТ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Слично
