Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Превирања и обвинувања за превозот во Скопје, блокадата кај Мавровка е времено отстранета

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Превирања и обвинувања за превозот во Скопје, блокадата кај Мавровка е времено отстранета

БЛОКАДАТА КАЈ МАВРОВКА Е ОТСТРАНЕТА

Блокадата кај „Мавровка” е времено отстранета.

Директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски, во изјава за МИА, кажа дека поради известување од Министерството за внатрешни работи дека висок функционер од Германија ќе биде во посета на земјава, одлучено е блокадата времено да прекин. Јовановски изјави дека до четврток нема да има повторна блокада на приватните автобуски превозници.

На 29  и 30 ноември (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија Франк – Валтер Штајнмајер. 

Повторно има превирања и обвинувања за колапсот на превозот во Скопје. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска обвини за опструкции, а ВМРО-ДПМНЕ ја нарече неспособна. 

ИВАНОВСКА ВЕЛИ ДЕКА НЕ МОЖАТ ДА УТВРДАТ КОЈ МУ ДОЗВОЛИЛ НА ЏАФЕРИ ДА ПОЛАГА ПРЕДВРЕМЕ

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме, изјави претседателката на комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска. Таа негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила.

„И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука“, рече Ивановска.

РУСКИ ПРАТЕНИК КАЖА ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ПОНАТАМУ ВО УКРАИНА

Пратеникот на руската Дума Андреј Гуруљов рече дека неговата земја ќе ја уништи електричната мрежа на Украина и потоа ќе го таргетира нејзиниот банкарски систем.

„Ако го бомбардираме центарот на нивното банкарско работење, ќе го оневозможиме трансферот на пари, картичките нема да работат и луѓето нема да добиваат плати“, рече Гурулилов.

Тој додаде дека најважно е што индустриското производство во Украина е запрено.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Статистика повторно евидентира раст на просечната плата, ама граѓаните негодуваат околу овој податок. Голем дел прашуваат како може да расте просекот кога платите со години остануваат исти. Дополнително уште поголем товар е инфлацијата, поради која драстично се намалува нашиот животен стандард.

Многу македонски граѓани поради лошиот стандард во државата, со години се принудени освен основната работа, да бараат и дополнителни извори на приходи, што физички и психички ги истрошува. 

За трите квартали профитот достигна 741.000 евра, резултатот е за 20 отсто подобар од истиот период лани, а проекцијата од еден милион евра за 2022 година сега е реалност. Џокерот во ракав на менаџерскиот двоец Арсовски & Алексова беа резервациите за ризични пласмани кои годинава се безмалку на половина од истиот период лани

На 17 ноември Агенција за управување со одземен имот на Министерството за финансии во буџетот му префрлила 374.638.383 денари, или 6,14 милиони евра.

Слично

Поврзани вести