ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателските кандидати почнаа со митинзи и средби со граѓани, ја презентираат својата визија за Македонија
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ПОЧНАА СО МИТИНЗИ И СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ
Kaндидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва од митингот во Скопје порача дека власта многу ветувала, но ништо не исполнила.
„Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме“, изјави таа.
Таа вети дека ако стане претседател на државата повторно ќе ја отвори Народната канцеларија на претседателот, која беше отворена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.Кандидатот за претседател на коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски денеска од Тетово со средба со граѓани ја почна кампањата за изборите.
Јакимовски посочи дека го слушнал проблемите на граѓаните и нивното незадоволство од досегашната ситуација во државата.Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски очекува да влезе во вториот круг и да победи на изборите.
Пендаровски изјави дека иако зад себе има петгодишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што се залагал како претседател, за што бил против и знаат што можат да очекуваат и во следните пет години, сепак сака со граѓаните да ги сподели своите ставови за прашањата со специфична политичка динамика.„Максимум за Македонија“ е мотото на караванoт на претседсателскиот кандидат Максим Димитриевски, а „Манифест за Македонија“ е насловот на програмата,
Документот содржи пет стратешки начела и пет приоритети. Првиот е формирање на специјален експертски ЕУ тим за адаптација на преговарачката рамка со фокус на историските прашања, вториот формирање на специјален правен тим за неправдите врз македонските организации во Бугарија.МАКЕДОНСКИ АВТОБУС НАПРАВИ СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА, ЕДЕН ЗАГИНАТ И 12 ПОВРЕДЕНИ
Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија.
Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа во која учествуваше автобус со македонски туристи, при што загина возачот, а повредени се 12 патници.
Автобусот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона. До верижниот судир, како што јавуваат италијанските медиуми, дошло денеска околу 10 часот.ВО СРБИЈА СЕ УАПСЕНИ ДВЕ ЛИЦА ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ
Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, еден од уапсените за убиството на Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор, за „Блиц“ вели дека не верува дека неговиот син е способен за такво злосторство, но ако го направил тоа, ќе одговара.
Како што вели таткото, Срѓан претходните денови се однесувал нормално.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Стево Пендаровски
