Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателот реагира за случувањата во Судскиот совет, а Советот на јавни обвинители се налути за изјавата на Ристоска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателот реагира за случувањата во Судскиот совет, а Советот на јавни обвинители се налути за изјавата на Ристоска

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА РЕАГИРА ЗА СЦЕНИТЕ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ

Претседателот Стево Пендаровски денеска излезе со јасен став во врска со вчерашните случувања во Судскиот совет, кога претседателката Весна Дамева беше сменета преку своевиден пуч организиран од потпретседателот, заедно со неколкумина членови. 

„Во врска со прашањата упатени од медиумите до нашата институција за став на претседателот Стево Пендаровски во врска со вчерашните случувања на седницата на Судскиот совет, ве информираме за следново:

Ставот на претседателот Пендаровски е дека се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

РЕАКЦИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА

Од Советот на јавни обвинители се лутат за изјавата која ја даде обвинителката Ленче Ристоска. Советот иницираше постапка до етичкиот совет за изјавата на oбвинителката Ристоска.

Таа на научна конференција изјави дека членови на Советот на јавни обвинители тргуваат со влијание. На денешната седница тие расправале за изјавата и донеле ваква одлука поради прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс.

„Советот на јавни обвинители не врши казнување, бидејќи советот нема во надлежност ниту водење на дисциплински постапки, ниту постапка за прекршување на етичкиот кодекс“, вели претседателот Антонио Јолевски.

ЗЛАТНА ЗОРА УПАДНА НА ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИ УМЕТНИК

Грчката Влада реагира откако маскирана група упадна на изложба на македонски уметник во Грција. 

„Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада, Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата за 5,7 милиони евра ќе ја реконструира Палата АСНОМ (поранешната зграда на Комерцијална Банка) која .сега не се гледа од кејот на Вардар во центарот на Скопје, затоа што е покриена од Археолошкиот музеј.

Овозможување на вработените да се стекнат со нови вештини, алатки за личен развој, поттикнување на вработените да се надградуваат. Ова се дел од ставовите на паналистите кои денес имаат свои излагања на Самитот на Македонија 2025.

Под водство на актуелниот извршен директор Бобан Гоговски „Тетекс“ оствари профит поголем од 1,1 милиони евра. За тоа компанијата ќе го награди со 52.500 евра. Менаџерскиот тим што го води Гоговски на секој акционер му носи нето дивиденда од 100 денари за акција

Наследничка на уникатниот Доне Таневски е неговата ќерка Мирјана која неколку години наназад е вклучена во високото раководство на друштвото. Од денеска Мирјана Таневска Ефремова ќе го има главниот збор во управувањето со најголемата македонска хотелиерска компанија

Анкета за дуално образование која е изработена од страна на Младинскиот образовен Форум (МОФ), целосно ги збуни учениците од деветто одделение и тие останаа вчудоневидени откако одговарајќи го прашањето: „Која социјална мрежа ја користиш?“ меѓу понудените одговори можеа да одберат и линкови кои водат до порно страници. Овој случај за Фактор го обелодени револтиран, но пред сè загрижен родител, чија ќерка му кажала што се случило откако класните раководители на деветоодделенците им ја споделиле анкетата во одделенските вибер групи.


Слично

Поврзани вести