Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК Е ОСОМНИЧЕНА ЗА ОДДАВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ТАЈНА

Осомничени се уште три лица во предметот „Адитив“. 

Во рамките на постапката што се води за предметот, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.

„До денес обезбедените докази укажуваат дека првоосомничениот бил член на групата што имала за цел вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело. Како вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. 

ИСЧЕЗНА 35 ГОДИШНА ДЕВОЈКА

Исчезна 35-годишната Симона Стојкова, а семејството моли за помош. 

Последен пат е слушната токму на денот на исчезнувањето, кога се јавила по телефон со врисоци од бројот 076 851 228, по што повеќе не е достапна.

Симона има кафена коса, кафени очи, висока е околу 175 сантиметри, и носи очила. Според личниот опис, таа куца при одење.

ИДНАТА НЕДЕЛА ОД БОЛНИЦА ЌЕ БИДАТ ИСПИШАНИ ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство. 

Наредната недела од болница ќе бидат испишани и 3-цата повредени кои цело време се на лекување во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Во оваа установа ќе остане само една пациентка која беше третирана и во Србија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако мразот направи штети на овошките во Росоман и Ресен, луѓето во овие краеви велат дека ќе мораат да се снаоѓаат, за да си обезбедат друг извор на приходи за опстанок.  Мразот им нанесе штета, а загубите ќе ги чинат илјадници евра. 

Добивката минатата година се стопила и изнесувала само 32 илјади евра, наспроти 237 илјади евра во 2023 година, што е намалување за цели 87 проценти. Сепак, доминантниот сопственик на компанијата, Меџит Цапа, е задоволен од тоа како работи неговата компанија „Дебарски бањи“, а тоа им го соопштил и на самите вработени, на прославата по повод 20 годишнината од приватизацијата на оваа фирма, кога тој стана доминантен сопственик и поседува 85,46 отсто од акциите на компанијата.

Вчера се продала нова количина акции на Стопанска банка Битола, преку блок трансакција на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Од дејноста во првиот квартал „Макпетрол“ генерирал профит во вредност од 1,4 милиони евра, а уште 1,6 милиони евра се нето финансиски приходи во периодот јануари - март

Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура, кое ги одржува пругите и железничкиот сообраќај, исплаќа по 40 илјади денари просечна месечна нето плата за своите вработени во текот на минатата година.
Слично

Поврзани вести