Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката кажа дека не се само уставните измени, Бугарија има и други услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката кажа дека не се само уставните измени, Бугарија има и други услови

БУГАРИЈА ИМА И ДРУГИ УСЛОВИ, НЕ СЕ САМО УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по средбата со бугарската потпретседателка Илијана Јотова во Софија, изјави дека уставните измени не се единствениот услов за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија. 

Таа посочи дека постојат и дополнителни барања поврзани со протоколите и работата на историската комисија, нагласувајќи ја потребата од отворен дијалог и појасни гаранции во однос на процесот со Европската Унија(ЕУ).

„Не се во прашање само уставните измени, туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на историската комисија“, изјави таа. 

СЕ ГРАДИ ПРУГАТА СКОПЈЕ-СОФИЈА

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните работи на трасата. 

Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море.

ДЗС БАРА ЛУЃЕ КОИ БИ ГАСНЕЛЕ ПОЖАРИ ЛЕТОВО

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, денеска апелираше поранешни кадри на полицијата, Армијата и Пожарна или пензионирани луѓе летово да се вклучат во гасењето на пожарите. Тие ќе добиваат месечен надоместок од 44.000 денари или за три месеци можат да заработат 2.150 евра.

„Нам ни се потребни возачи на специјалните противпожарни возила и тоа за 22 пинцгауери, за 5 хермелини и за 15 БТР-и пренаменети во противпожарни возила. Исто така, ни требаат оператори на противпожарните пумпи вградени на специјалните противпожарни возила и оператори со противпожарни водни ранци и метли. Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејќи ги пожарите на отворен простор кои претстојат пред нас“, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Украина и Унгарија минатата недела се договорија за олеснување на патот на Украинците кон Европската Унија. 

Нов оглас осамна на веб страната на Народната банка на Република Северна Македонија со кој се бараат кандидати заинтересирани за позицијата вицегувернер.

„Гоматик“, компанијата за производсто на машини за сечење на дрво за мебел, е компанијата од Куманово со најголема остварена добивка во овој град за 2025.  Сопственици се Зоран Петровски и Горан Цветановски

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести