ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претреси на повеќе локации поради сомнителни набавки на нафтени деривати, уапсени се Јахоски и Капушевски
УАПСЕНИ КАПУШЕВСКИ И ЈАХОСКИ
Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма.
Повеќе извори на Телма потврдија дека попладнево се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати.
„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава..УБИЕЦОТ НА ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА
Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на 59 годишниот златар Васил Ефтимов, кое се случи во август лани среде бел ден кај трговски центар Мавровка во Скопје. Кажа дека не се чувствува добро.
„Многу се каам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал“, изјави Куртовиќ.
Тој сега се соочува со минимална казна затвор од 10 години и максимална доживотен затвор. Неговата адвокатка побара најблага санкција, бидејќи тој не можел правилно да расудува наоѓајќи се под дејство на дрога.СДСМ ОБЈАВИ АФЕРА
СДСМ денеска објави документи со кои тврди дека фирма предводена од сопругот на Гордана Клинчарова, државен секретар на Министерството за дигитализација и втор човек во овој ресор, добил тендери во вредност од 50.000 евра од истата институција.
„Матео Дизајн Дооел“ на Мартин Клинчаров добил два договори од Министерството за дигитална трансформација предводено од министерот Стефан Андоновски.ВМРО-ДПМНЕ ГО КРИТИКУВА ПЕНДАРОВСКИ ЗА СТАВОТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОДДРШКА ЗА ТРАМП
ВМРО-ДПМНЕ го нарече „озборувач“ поранешниот претседател Стево Пендаровски кој рече дека Македонија не требаше да се истрчува со поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп и да биде коспонзор на резолуцијата за Украина.
„Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски кој воедно е и поранешен претседател на државата предложен од таа партија, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека е против стратешкиот партнер на Македонија-САД“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.ТРЕНДАФИЛОВ СЕ ЖАЛИ НА ОДНОСОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ
Слободан Трендафилов, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, на денешната прес-конференција рече дека е невидено пратеник од власта, во случајов Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, седум дена пред медиумите да го дискредитира работничкото движење.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
