Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Препорачано е укинување на сите рестриктивни мерки, денес има 89 заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Препорачано е укинување на сите рестриктивни мерки, денес има 89 заразени

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА УКИНУВАЊЕ НА СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. 

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. 

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. 

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.

БЕКТЕШИ ВЕЛИ ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ЖИВОТ БЕЗ РУСКИ ГАС

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека прекинот на снабдувањето на Бугарија со руски гас не е поврзано со Македонија и дека имаме континуирана испорака.

- Според денешните состаноци со трговците, со ГА-МА и со АД НЕР, се подмирени сите обврски од наша страна во делот со снабдување со природен гас. Ситуацијата е комплексна и никогаш не се знае каккви одлуки може да се донесат, но ние како држава имаме алтернатива за секоја ситуација, рече министерот.

ПРОДОЛЖУВА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Ранети се двајца американски доброволци додека гаѓале руски тенкови во Украина. 

Избегал од Русија и заминал во Украина каде се приклучил на украинската армија.  Ова го направил потпретседателот на руската државна банка Газпромбанк, Игор Волобуев. 

Белорусија сака да воведе смртна казна за антивоената саботажа на пругите. 

Белорусија се обидува да воведе закон со кој со смртна казна би се казнувале „обидите за терористички напади". 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонскиот текстилен сектор може слободно да апсорбира и до 5.000 работници, но тие многу тешко се наоѓаат. Дел од работничките кои работат во фабриките, заминуваат сезонски во странство, и нема кој да ги замени. 

На газдите кои не сакаат да ги почитуваат работничките права, отсега па натаму ќе им биде многу потешко, бидејќи Државниот инспекторат за труд ќе има 12 нови инспектори.

Согласно анализите за епидемиолошката состојба во Македонија, во изминатиов период Комисијата за заразни болести препорача олеснување на низа мерки кои беа воведени со цел спречување на ширењето на корона вирусот, а на седници на Владата, една по една мерките беа укинати. Најголема радост, секако донесе одлуката за укинување на мерката, носење заштитни маски во затворени простории. 

За сите членови на одборите на директори и управните одбори во една компанија, ќе мора да се објавуваат и нивните плати и надоместоци кои тие ги имаат во други фирми, а ќе мора и да се објави дека засновале работен однос кај некои други работодавачи. 

Растат нето приходи од камати, растат нето приходи од провозии, од курсни разлики и останати приходи од дејноста. Тоа во комбинација со намалени трошоци за резервации по кредити и донесе на Стопанска банка Скопје профит од 11 милиони евра за 90 дена

По повеќе од три години откако е направена, Железници - Инфраструктура најавува пуштање во употреба на пругата Битола - Кременица со која треба алтернативно да се поврземе со Грција.

Слично

Поврзани вести