ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат
МИЦКОСКИ РЕАГИРА ЗА МЕШАЊЕТО НА СТРАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ
Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера го критикуваше ставот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители. И американската амбасадорка Ангела Агелер порача да се почитува извештајот на европските експерти. На ова денеска реагираше премиерот Христијан Мицкоски, кој вели дека станало практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата.
„Видете, ја слушнав таа изјава. Некако стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е од 2-3 отсто, се гледа дека работите не функционираат.МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА МУ РЕАГИРААТ НА РАДЕВ
Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, со која тој му одговори на македонскиот премиер Христијан Мицковски за изјавата дека Договорот за добрососедство може да се репреговара. Радев рече оти „на властите во Скопје им недостига познавање на уставно право“.
-Цинизам е претседател на држава кадешто редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да ги изговори овие зборови. Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и да – имаше напади врз македонски собори и врз македонски клубови – реагираат Македонците во Бугарија.
ПОЗНАТО Е ШТО ЌЕ РАБОТАТ ЕКС МИНИСТРИТЕ
Поранешните министри Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и се враќаат на нивните поранешни работни места. Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири веќе поднеле барања за апанажа, а другите министри од кабинетот на поранешниот премиер Димитар Ковачевски се веќе пратеници или се пензионирале.
Поранешните министри Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе побараат апанажа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
