ФАКТОР НА ДЕНОТ: Прекршочна постапка за ланци на маркети, се договарале за цени
ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ СЕ ДОГОВАРАЛЕ ЗА ЦЕНИТЕ
Комисијата за заштита на конкуренцијата, преку соопштение до медиумите тврди дека неколку синџири на маркети нелегално се договарале за усогласено делување спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата. Од КЗК попладнево известија дека ова било констатирано по направена ненадејна контрола кај правните лица, како и дека била поведена прекршочна постапка.
Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која се здружени истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените.
При контролата во службените простории на правните лица, односно ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени се докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.
Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив, се наведува во соопшението на КЗК.
Комисијата интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат удел во синџирот на снабдеување со земјоделски и прхранбени производи и ќе презема најригороизни мерки и санкции на секое нарушување на конкуремнцијата на пазараор и нема да дозволи изигрување на законот на штета на граѓаните, додаваат од Комсијата.
OД ДЕНЕСКА ИМА ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Маркетите веќе почнаа во пракса да ја спроведуваат одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, која вчера излезе и во Службен весник, со што стана официјална и треба да важи до 30 април годинава.
Сепак впечатокот е дека не се гледа некое забележително намалување на цените на производите.
Ајдован Адемовски, сопственикот на синџитрот маркети „Рамстор“, за „Фактор“ вели дека за еден маркет да работи рентабилно бруто маржата што се додава на основната цена на еден производ треба да биде 21 отсто, за да може да се покријат трошоците.СВЕТОТ Е ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва напиша дека Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедносен договор со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ова го напиша Зеленски на социјалната платформа Х по средбата на 20 февруари со американскиот претставник Кит Келог во Киев. Тој посочи дека неговиот тим го предложил најбрзиот и најконстуктивен начин за постигнување на резултати.
„Нашиот тим е подготвен за работа 24/7“, напиша на Х, Зеленски.
Зеленски во објавата рече дека имале добра дискусија со многу важни детали, заблагодарувајќи им се на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
