ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пред утрешното гласање доверба на Влада, власта вели дека мнозинството е безбедно
ПОВЛЕЧЕНИ ПОТПИСИТЕ ОД 17 ПРАТЕНИЦИ
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев и уште 16 пратеници ги повлекоа потписите од иницијативата за недоверба на Владата.
Тие попладнево до претседателот на Собранието, Талат Џафери го доставиле известување за повлекување на потписите, соопштија од Собранието.
„Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници“, се вели во соопштението.ТАЧИ ВЕЛИ МНОЗИНСТВОТО Е БЕЗБЕДНО
Мнозинството е безбедно, тврдат од владината коалиција по состанокот одржан попладнево.
Договорена е стратегијата за утрешната собраниска седница за гласање доверба на Владата.
Само лидерот на ДПА, Мендух Тачи даде кус коментар по средбата за неколку медиуми. Тој кажа дека мнозинството е безбедно, а ќе се работи и на проширување на истото.
„Го овластивме премиерот, нормално, ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство. Конечно најдобрата вест е дека е оваа Влада и ова мнозинство продолжува и на 15-ти декември се надевам, 99,9 отсто, ние ќе добиеме датум“, рече Тачи.КИЧЕЕЦ ДОБИ ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СТРАЖА
Бизнисменот Зоран Милески Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката која се случи кај Стража, на 4 септември, потврдуваат од обвинителството. Обвинетиот постигнал спогодба со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.
Во несреќата, загина сопатник во автомобилот „Санг јонг“, а четири лица се здобија со тешки телесни повреди, додека тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.НОВ БРАН НА КОРОНАВИРУС
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција информираше дека новиот бран на корона вирусот во Македонија е започат, за што доказ е се повисокиот број на новозаразени случаи. Сепак, како што вели нема притисок врз болниците и дека голем број здравствени установи кои во претходниот период беа ковид-центри, се празни.
-Бранот е започнат, болниците се спремни, но дел од кадарот е преморен. Сепак, мора да кажам дека не е поентата болничките капацитети да се преполнат, најважно е луѓето да се вакцинираат, со што болеста нема да се трансформира во тешка форма, а со тоа нема да има оптоварување на болничките капацитети, истакна министерот.ДЕНЕС ИМА НАД 650 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 3.597 тестирање, а регистрирани се 656 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 257, Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8, Струга – 6, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
