ФАКТОР НА ДЕНОТ: Празничен ден во Македонија, верниците го слават Божиќ
СЕ СЛАВИ БОЖИЌ
Градоначалниците на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Општина Бутел, Дарко Костовски објавија каде се паднала паричката во нивните домови.
„Среќата и бериќетот во нашиот дом оваа година е во помалиот син Матео“, напиша Стефковски.
По целосно фер спроведена постапка, слава на Господ во поголема конкуренција, оваа година паричката се падна кај Тодор, напиша Костовски.Православните верници кои го следат Јулијанскиот календар го слават Божиќ на 7 јануари, а освен во Македонија, овој празник денеска се слави и во Црна Гора, Србија, Русија, Белорусија, Грузија, но и во африкански земји, како Етиопија и Египет.
Се проценува дека има меѓу 250 и 300 милиони православни христијани.
Но, во Етиопија имаат поразлични традиции. На Бадник свештениците носат црвено-бела одежда и чадори со везени реси.НА КОСОВО АЛБАНЦИ НАПАДНАЛЕ СРБИН
Српска листа за утре најави протест во Штрпце поради нападите на Србите во Косово.
Од партијата додаваат дека овој Божиќ ќе остане запаметен како ден кога Србите повикале на мир, но и ден кога се пролеала невина српска крв.
Српска листа, за утре најави голем јавен протест поради, како што велат оттаму, бруталните обиди за убиство на српските момчиња Стефан и Милош Стојановиќ и Стефан Томиќ, но и за континуираната антисрпска репресија на режимот на косовскиот премиер Албин Курти. Протестот е најавен за утре во 12 часот на платото пред домот за култура во Штрпце.ПУТИН САМ ВО ЦРКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска како единствен верник присуствуваше на божиќната литургија во Благовештенската црквата во Кремљ, која првобитно е замислена како храм за руските цареви.
Путин им го честиташе Божиќ на верниците, велејќи дека тоа е празник кој треба да биде инспирација за добри дела.
„Црковните организации ги „поддржуваат напите војници кои учествуваат во специјалната воена операција“, рече Путин.