ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните верници го слават Бадник, политичарите посакаа благосoстојба
ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ БАДНИК
Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова.
„Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина. Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање“, објави претседателката на Фејсбук.
Таа додаде дека во духот на празникот ги дарувала со Бадникови пакетчиња, а тие, како што пишува во објавата, „небаре славејски хор, со озарени лица и блескави насмевки ја поттикаа мојата надеж за подобро утре“.Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска посетија социјално загрозени семејства во Гази Баба и им донираа пакети со храна.
„Тоа се семејства кои се соочуваат со тешко секојдневие, со предизвици што не се гледаат оддалеку, но силно се чувствуваат во секој дом. Луѓе кои и покрај сè, ја чуваат верата, надежта и достоинството. Дониравме пакети со храна, но уште поважно – донесовме порака дека не се заборавени, дека некој мисли на нив и дека државата мора да биде со своите граѓани тогаш кога им е најтешко“, истакна Стефковски.
Тој додаде дека тоа е човечка обврска и вредност што мора постојано да ја негуваме.
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза. Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.ТРАМП НЕ ОЧЕКУВА ВО РОК ОД 30 ДЕНА ДА ИМА ИЗБОРИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена.
„Прво мора да ја поправиме земјата. Не можете да имате избори. Ќе потрае некое време. Мора да ја излечиме земјата додека не се опорави“, вели Трамп.
Владата на Венецуела сè уште го смета Николас Мадуро, кој беше приведен од американските сили во саботата, за легитимен претседател.
Според уставот на Венецуела, во случај на трајно отсуство на претседателот, потпретседателот ја презема функцијата и мора да организира нови избори во рок од 30 дена. Сепак е нејасно дали новото раководство ја смета моменталната ситуација за трајно отсуство.ДВЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРАТАТ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА
Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават „воени центри“ низ цела Украина по прекинот на огнот за да овозможат распоредување на сили и да изградат безбедни објекти за сместување на оружје и воена опрема за поддршка на одбранбените потреби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер рекоа дека е потпишана декларација за намера меѓу трите земји во врска со распоредувањето на мултинационални сили во Украина во случај на мировен договор со Русија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
