Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Бадник, бројот на заразени од ковид расте во земјава и регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Бадник, бројот на заразени од ковид расте во земјава и регионот

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ БАДНИК

Православните верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Денеска е неработен ден. 

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.

ЏАМБАСКИ НАЈАВУВА РЕФЕРЕНДУМ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Европратеникот Ангел Џамбаски најави дека е можно да свика референдум за Македонија. 

Наведе дека референдум ќе има доколку владата отстапи од официјалната бугарска позиција за Македонија.  Вели дека можната промена би го „запалила“ бугарското општество и би довело до протести низ целата земја:

„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во парламентот да понесат одговорност за прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција“, вели Џамбазки.

Џамбаски е познат по своите провокации кон Македонија. Тој лани во предизборен спот македонските градови ги претстави како бугарски. 

И ВО РЕГИОНОТ СКОКНА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ

Во регионот, Србија и Хрватска денеска имаат над 9.000 инфицирани со коронавирусот. 

Во Србија се потврдени 9.122 новозаразени од ковид, а 19 луѓе починале. 

За едно деноноќие во Хрватска од коронавирус починале 33 пациенти, а регистрирани се 9.058 заразени. Во земјата се активни 39.853 случаи, од кои 1.824 се на болничко лекување, а од нив 244 се на респиратор.

Слично

Поврзани вести