ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратеникот Кастриот Реџепи се пријавил во полиција, Касами го исклучи од БЕСА
КАСТРИОТ РЕЏЕПИ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА
-Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, соопштија од МВР.КАСАМИ ГО ИСКЛУЧИ РЕЏЕПИ ОД ПАРТИЈАТА
Претседателот на БЕСА, Билал Касами на својот Фејсбук профил истакна дека го исклучува пратеникот Кастриот Реџепи од партијата.
Касами додава дека оваа одлука стапува на сила веднаш.
„Кастриот Реџепи не се појави во Собранието, за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши престижот на партијата. Движењето БЕСА, односно јас како лидер на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам горенаведениот член од сите партиски функции и член на Движењето БЕСА“, пишува Касами.Реџепи го објави американското знаме и напиша „Бог да ја благослови Америка!
ХОЏА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Аријанит Хоџа од „Беса“ поднесе оставка на позицијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ваквиот потег министерот го повлече откако неговата партија по локалните избори одлучи да оди во опозиција и да му се спротивстави на ДУИ.
- Како што и ветив минатата недела, поради нарушување на демократијата на чело на првиот вицепремиер на ДУИ, заради најсрамниот ден во историјата на оваа држава, поднесувам оставка заедно со двајца заменици-министри. Со ДУИ не можеме да бидеме партнери, после 5 години се докажа дека не само што не се реформирале, туку ги усовршиле своите методи како класичен режим.МОЖНИ СЕ НОВИ МЕРКИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ
Денес се регистрирани 469 нови лабораториски позитивни случаи на SARSCoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 208.467
Оздравени се 375 пациенти –пријавени се 13 починати лица.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
