Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците гласаа, разрешени се Меџити и Алиу

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците гласаа, разрешени се Меџити и Алиу

РАЗРЕШЕНИ СЕ  МИНИСТРИТЕ  МЕЏИТИ И АЛИУ

Собранието вечерва ги разреши министрите за здравство, Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. „За“ гласаа 62 пратеник, „против“ нема, „воздржани“ нема. Имаше жестоки дискусии. 

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова  вечерва во Собранието на министерот Фатмир Меџити му порача дека разрешувањето не говори за него, туку за тие кои го разрешуваат. Таа ја употреби реченицата „Раздели па владеј“ за да ја опише ситуацијата. 

Рече дека техничките премиери не предлагаат разрешување. Вели дека техничкиот премиер не треба да го интересира што се случува во одредена партија. Таа рече дека ова е парадокс. 

„Ние постојано учиме лекции и постојано се враќаме на првата“, кажа Силјановска Давкова.

Професионалноста на Меџити и Алиу не е спорна, законски не може да има два опозициски субјекти во Владата, вели техничкиот премиер Талат Џафери. 

Кажа дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу. 

ВЖЕШТЕНИ СЕ ТЕЛЕФОНИТЕ ЗА ЗАМЕНА НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Петстотини луѓе ѕвонат во секунда за да закажат за нови документи, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

„Ве молиме за да не го оптеретуваме системот за примање на повици, за кои вчера ме информираа дека достигнал 500 луѓе во секунда, 500 луѓе ѕвонеле за да закажат за издавање на лични карти“, вели Тошковски. 

Тој повторно порача дека личните карти важат до датумот одбележан на истите, без разлика дали го носат новото или старото име. Обрасци за нови пасоши уште нема.

ИНТЕРВЈУТО СО ПУТИН Е ТОП ТЕМА

Топ тема е интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот новинар, Такер Карлсон.

Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс за американското издание на „Дејли експрес“ изјави дека рускиот претседател во неколку наврати за време на интервјуто со американскиот новинар го истакнал својот авторитет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од вчера попладне родителите чии деца престојуваат во градинка добија пораки, а истите известувања стојат и на вратите на претшколските установи во Скопје.

Централната банка е чувар на македонските државни девизни резерви. Низ годините наназад Народната банка ги чува и управува со државните девизни резерви. И не само што ги чува туку низ годините континуирано ја зголемува нивната вредност.

Слично

Поврзани вести