ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци
ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ СИ ГИ СКРАТИЈА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ
Предлог измените на Законот за пратеници поднесени од опозициската Левица, со кои требаше да се ограничат можностите на пратениците за наплата на трошоци за патување до Скопје за собраниски седници, не беше поддржан од останатите пратеници во Собранието.
Првиот човек на Левица, професорот Димитар Апасиев, во свој стил се огласи на социјалните мрежи и им „честиташе на колегите“.
- ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ на пратениците!ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ДОБИ ЗЕЈНЕЛОВ КОЈ ЈА УБИ ЕМИЛИЈА ПЕШЕВА ВО ШТИП
Фадил Зејнелов доби доживотна казна затвор за насилното убиството со давење на 29-годишната Емилија Пешева. На претходното рочиште пред два дена пред Основниот суд во Штип ја призна вината.
Тогаш рече дека мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство.
Претходно Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот.
Обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.ВЛАСТА РАЗГОВАРА ЗА ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб.
Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
„Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече Мицкоски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
