ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците ќе го истражуваат случајот Онкологија, Мизрахи ќе раководи со анкетната комисија
ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ИСТРАЖУВААТ СКАНДАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА
Пратеничката Рашела Мизрахи ќе биде претседтелка на Анкетната комисија што ќе ја формира Собранието за скандалот на Онкологија.
Денеска тоа ќе се утврди на седницата на Собраниската комисија за финансирање и буџет, која треба да се одржи во 11.30 часот.
Ова било договорено на координација меѓу пратеничките групи од власта и опозицијата, така што се очекува предложените имиња од опозицијата да поминат на денешната седница на Комисијата.
Потоа овој предлог ќе биде доставен до Собранието, и се очекува тоа да го изгласа веќе наредната недела, односно во среда.УБИСТВОТО ВО КОЧАНИ Е ФЕМИЦИД
Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство, посочува Платформата за родова еднаквост.
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.ЗАЕВ СЕ ВРАТИ НА БИХАЌКА
Синоќа на Бихаќка на заедничка маса со највисокото раководство на СДСМ седнал и поранешниот лидер Зоран Заев.
Дали е тоа после подолго време, не знаеме, но факт е дека ваква среќна заедничка фотографија одамна не беше јавно објавена.
Фотографиите на фејсбук лично ги сподели и првиот човек на Владата и СДСМ, Димитар Ковачевски, но и самиот Заев, веројатно како приказ на тоа дека владејачката партија повторно се сплотува и ги збива редовите пред наредната изборна година.
Ова следува откако и пратеници и градоначалници од СДСМ апелираа на нужно обединување на партиските другари.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
