Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците го стопираат зголемувањето на функционерските плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците го стопираат зголемувањето на функционерските плати

ЗАПИРА РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Над илјада функционери нема да добијат ново покачување на платите.

Едногласно пратениците им ги намалија коефициентите. Со тоа, нема да им биде одземено ланското покачување од 78 отсто, но барем засега се запира растот на нивните плати. 

Со ист заклучок, едногласно, без против или воздржани, како и без дискусија, во Собранието беа донесени сите шест закони кои носат ограничување на функционерските плати веќе од февруари.

НАД 100.000 ГРАЃАНИ ЌЕ НЕМААТ НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗБОРИТЕ

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за Тв Алфа изјави дека повеќе од 100.000 граѓани нема да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори. 

Овие луѓе нема да можат да гласаат на претседателските и парламентарните избори. 

„Станува збор за минимум 100.000 граѓани кои што имаат важечка, односно неважечка патна исправа со старото име на државата кои што заради овие 54-ца нема да можат да го остварат своето право на глас. Зошто не може да го остварат?

ОСТИН ВЕЛИ ДЕКА АКО УКРАИНА ПАДНЕ, НАТО ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ВОЈНА СО РУСИЈА

Шефот на Пентагон, Лојд Остин вели дека ако падне Украина, НАТО ќе влезе во војна со Русија. 

„Ако Украина падне, навистина верувам дека НАТО ќе влезе во борба со Русија“,  изјави тој. 

Остин  изрази загриженост за рускиот напредок на линијата на фронтот. Русите неодамна ја заземаа Авдеевка.  Тој додаде дека недостигот на помош за Киев се заканува да доведе до недостиг на муниција за артилерија и противвоздушна одбрана.

За испраќањето западни трупи во Украина, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека секој збор му е обмислен. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Едно од најопасните заболувања, од кое не се изоставени ниту најмладите пациенти, е акутниот панкреатит, кој за жал завршува и фатално во голем дел од случаите. Во разговор за Фактор, д-р Дејан Станојковски, субспецијалист гастроентерохепатолог вели дека за појавата на акутниот панкреатит постојат низа причини и фактори на ризик.

Три дена откако се продаде Топланата Скопје Север, сите како да се заколнати на молк околу тоа кој е купувачот на овој значаен енергетски објект во државава.

„Македонијатурист“ од основната дејност хотелирство лани остварила оперативна добивка од 714.00 евра. Но тоа не е се! Од дивиденди и камати на своите вложувања во хартии од вредност вредни 20 милиони евра оваа компанија ја наѕида добивката за 2023 година до износ од 1,58 милиони евра


Слично

Поврзани вести