Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците гласаа, предлозите за укинување на апанажата и пржинската влада не поминаа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците гласаа, предлозите за укинување на апанажата и пржинската влада не поминаа

НЕ ПОМИНАА ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА АПАНАЖАТА И ПРЖИНСКАТА ВЛАДА

Законот за изманување на Законот за плата на избрани и именувани лица не помина во Собранието денеска попладне . Предлогот на Левица значеше укинување на апанажите за пратениците и за избраните владини функционери откако ќе им престане функцијата

16 пратеници гласаа „за“, а против беа 13 пратеници, воздржани немаше. Со тоа предлогот на пратениците од Левица не е усвоен.

- Што правиме со тие функционери што не се милионери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако тој беше еден од пратениците кои гласаа против.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада поднесен од ВМРО-ДПМНЕ денеска не беше прифатен во Собранието.

Предлогот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине „пржинската влада“ по скратена постапка и да се оди на предвремени избори не доби поддршка од мнозинството пратеници да биде усвоен.

Само 32 пратеници гласаа „за“, а 55 гласаа против.

ДЕНЕС ИМА НАД 1.400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.

КАДЕ БИЛ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ КОГА СЕ ГЛАСАШЕ ДОВЕРБА НА ВЛАДА

Дали на денот на гласањето на довербата на Владата, лани, пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи се криел во премиерската вила во Скопје?. Вакво прашање постави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во емисијата Дебати на ТВ Шења. Реџепи во ноември лани не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата. Тој за некои медиуми ја демантираше информацијата.

„Дали поранешниот премиер Зоран Заев злоупотребил државни објекти во кои што го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти, пред сѐ, премиерската вила и премиерските простории се злоупотребени за Кастриот Реџепи да е чуван – праша Николоски, додавајќи дека ако не е така нека го демантираат.

Николоски истакна дека откако ќе се смени власта сѐ ќе излезе на виделина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поскапе нафтата, ѓубривата и другите репроматеријали кои се неопходни за земјоделско производство, и тоа ќе придонесе земјоделците кои работат на мали површини да се откажат од работа.

Две години се најавува инвеститор во ски-центарот Попова Шапка, но и 2022 започна без конкретно име. Од Владата, поконкретно од кабинетот на вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, велат дека стратешките инвеститори во секторот туризам се уште не се дојдени на ред, но дека и со нив ќе започне потпишување на договорите.

Владата ги скрои измените на Законот за минимална плата, со кои таа веќе од март ќе се искачи на 18.000 денари, и за кои им предлага на народните избраници да ги усвојат по скратена постапка.

И покрај многу вирулентната варијанта омикрон, бројот на заразени наставници и ученици со корона вирусот засега е многу мал, оценуваат властите, заради што наставата и понатаму ќе се следи со физичко присуство и со задолжително почитување на сите протоколи, особено носење на заштитните маски.

Бизнисменот Огњан Циговски се огласи во медиумите како претседател на Скиjачката Федерација на Македонија, откако поранешниот македонски олимпиец, Антонио Ристевски, реагираше на социјалните мрежи дека од таму го прашувале зошто не доаѓа на работа додека е на Зимските олимписки игри во Пекинг како дел од олимпискиот тим кој ја претставува Македонија.

Слично

Поврзани вести