Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците ги изгласаа интерпелациите за петте членови на судскиот совет

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците ги изгласаа интерпелациите за петте членови на судскиот совет

ВО СОБРАНИЕТО ПОМИНАА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ ЗА ПЕТТЕ ЧЛЕНА НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Собранието денеска им изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет, откако мнозинството пратеници ја поддржаа интерпелацијата на Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.

Се смета дека тие ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет. 

ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА 13 ФИЗИЧКИ И ЕДНО ПРАВНО ЛИЦЕ

По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше оформен по иницијатива на ДКСК, а по кој по наредби на обвинителството постапуваше Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево се лишени од слобода 11 лица.

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 физички и едно правно лице. 

ДОГОВОР СО АЛБАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ПАРКИНГ НА КЛИНИЧКИ НЕМА ДА ИМА

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар.

Таравари посочи дека се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот.

-Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар, рече Таравари. 

УКРАИНА Е СПРЕМНА ДА ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ

САД објавија дека моментално ќе продолжат да ѝ даваат безбедносна и разузнавачка помош на Украина откако таа изразила подготвеност да ги прифати американските барања за примирје со Русија, објави Стејт департментот по завршувањето на денешните разговори во Саудиска Арабија.

Во заедничкото соопштение на двете делегации, Украина кажа дека е спремна да го прифати американскиот предлог за спроведување на привремен, 30-дневен прекин на огнот, кое би можело да се продолжува со заемен договор на двете страни. Останува предлогот да биде прифатен од Русија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кристина Колеќевска e економист за надворешна трговија - директор за комуникации и маркетинг во инженерската компанија „Сениор Инженери“, специјализирана за развој и реализација на енергетски проекти, која има развиено стратешко партнерство со АКСА, дел од групацијата Казанџи Холдинг, за изградба на енергетска инфраструктура во Македонија, Балканот, но и на други меѓународни пазари.

Професијата е дел од целокупниот идентитет на една личност и се смета дека одредени занимања можат да влијаат кај лицето да се зголеми аналитичноста, алтруизмот, оптимизмот, не само во канцеларијата, туку и во приватниот живот. 

„Пелистерка“ е најстар и најпознат домашен производител на вода во амбалажа. Лани имаа исклучително добра година затоа што успеаја во услови на одржување исти приходи од продажба преку кратење на оперативните и на финансиските расходи да ја зголемат добивката за 3,5 пати.

Со доаѓањето на пролетта, почнува и сезоната на алергии, а за голем дел од населението тоа значи проблеми со кивање, запушен нос, чешање на очите и грлото. Поленот од дрвјата, тревите и другите растенија е главен предизвикувач на сезонските алергии, а според лекарите, бројот на пациенти со вакви симптоми е во пораст.

Слично

Поврзани вести