Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Познато е кои експерти ќе бидат во работната група за уставните измени, Тодоров се огласи за анестезиологот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Познато е кои експерти ќе бидат во работната група за уставните измени, Тодоров се огласи за анестезиологот

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ГИ ОБЈАВИ ЕКСПЕРТИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Од Министерството за правда информираат дека во работната група за уставни измени ќе учествуваат експертите: Сали Мурати-поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска- поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани-поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски-поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари-  професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”, Беса Арифи-професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска-Професор на Меѓународен Славјански Универзитет, Марија Пандевска-професор на Институт за национална историја. 

Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други  членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

ТОДОРОВ СЕ ОГЛАСИ ЗА ТЕТОВСКИОТ АНЕСТЕЗИОЛОГ

Екс министерот за здравство, Никола Тодоров негира дека „на слепо“ му ја потпишал специјализацијата на тик-ток анестезиологот од Тетово. 

„Лага е дека сум ја потпишал специјализацијата на анестезиологот Валтон Дервиши, без да биде претходно нострифицирана од лекарската комисија“, вели поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во изјава за „Слободен печат“, откако медиуми објавија дека Дервиши два пати бил одбиен од лекарската комисија.

Тодоров вели дека ставил про-форма потпис на признавањето на специјализацијата на доктор Дервиши, откако комисијата од четворица доктори и еден правник дала позитивно мислење дека образованието на Дервиши од Косово е компатибилно со тоа во нашата држава. 

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА ТРЕБА ДА ИМА ПРЕКУВРЕМЕНА ПЛАТЕНА РАБОТА

Министерството за труд и социјална политика допрва ќе утврдува горна граница за работното време на работниците кои ќе бидат ангажирани на прокетот договорен со конзорциумот Бехтел и Енка. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска при гостување на телевизија Телма. Таа истакна дека ќе бидат во постојана комуникација со пратениците, и посочи дека иако законот е поднесен од пратениците, по реакциите се вклучуваат за да ги заштитат работничките права. 

- Работната недела е минимум 40 часа. Владата никаде не вели дека ќе биде 60 часа, туку дозволуваме повеќе од осум часа неделно зависно од процесот на работа. Меѓутоа на оној работник кој што сака да работи прекувремено, да може да му биде платено прекувремената работа, а сепак тоа да биде во рамки на законот - рече министерката.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Податоците за невработени лица кои трагаат по работа покажуваат дека ниту титулата доктор на науки не гарантира вработување во Македонија. Последниот сет податоци за бројот на невработени лица во земјва кој го објави Агенцијата за вработување покажуваат дека на крајот на месец февруари сме имале 17 доктори на наука кои се невработени. Притоа од вкупниот број невработени доктори на науки, дури 10 се жени.

Граѓаните чувствуваат дека нивната куповна моќ се намалува, а за тоа каде можат да патуваат, велат дека со примањата кои ги имаат, не можат да си дозволат многу. Според нив, со македонските плати можат да си овозможат да одмораат во соседните земји.

Многумина го критикуваа и исмеваа, други, пак, го воздигнуваа, но изгледа дека Белград на вода ги исполни очекувањата, градејќи ја својата економска оправданост. Проектот стартуваше во сега далечната 2014 година, фамозно, во стилот на српскиот претседател Александар Вучиќ, а близу една деценија подоцна, тоа е еден чист, педантно изграден и уреден комплекс, и секако престижен.

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот Бехтел и Енка на Коридорот 8 и 10д. Вработувањата ќе траат до завршувањето на проектот, како што пишува во огласот, до 22 јануари 2028.

Основната главнина на „Либерти“ (поранешна Ладна валавница од скопскиот железарски комплекс) ќе се намали за 132 милиони евра пари со кои ќе се покрие акумулираната загуба

Слично

Поврзани вести