ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожарот над Батинци е локализиран
ЛОКАЛИЗИРАН Е ПОЖАРОТ НАД СЕЛОТО БАТИНЦИ
Пожарот кој попладнево избувна над скопското село Батинци е локализиран. Од Центарот за управување со кризи информираат дека огнот е под контрола и дека нема опасност за жителите и околните објекти.
Во гаснењето, како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, учествувале два „ертрактора“, еден хеликоптер на МВР, како и единиците на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Има сомнежи дека пожарот е подметнат.
ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА
Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.
На последната седница на Владата е донесена одлука Министерството за здравство да спроведе набавка на амбулантните возила со одложено плаќање на 5 години.
„На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на 5 години. Од разговорите со министерот за здравство Азир Алиу, најверојатно 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година“, изјави Томовски во гостување на Сител.МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОЕВТИНИЛА
Синдикалната минимална кошница за септември изнесува 65.077 денари.
Тоа е намалување од 430 денари во однос на август. Трошокот за изнајмување стан од 60 квадрати во август изнесувал 80.452 денари. Минималната кошница за храна и пијалоци во септември е 23.394 денари.
Ова ги покажува благо намалените трошоци за живот во септември според податоците од синдикалната минимална кошница, која ги следи основните потреби на работниците.