Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожарите земаа уште една жртва, загина маж од кривопаланечко

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожарите земаа уште една жртва, загина маж од кривопаланечко

МАЖ ЗАГИНА ВО ПОЖАР БЛИЗУ КРИВА ПАЛАНКА

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во село Лозаново, кривопаланечко пронашле починато лице.

Во присуство на јавен обвинител се врши увид. 

TOШКОВСКИ ВЕЛИ ИМА СОМНЕЖИ ДЕКА ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ СЕ ПОДМЕТНАТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб попладнево изјави дека има сомнежи дека дел од пожарите се подметнати. 

Вели дека ова беше тежок ден за справување со пожарите. 

„Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти“, изјави Тошковски.
ВО ЕП Е ИЗГЛАСАН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за Македонија за 2023 и 2024 година.

Известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц во изјава по гласањето рече дека бугарските европратеници го искористиле извештајот за домашни цели.

„Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година. Северна Македонија е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ. 
МИЦКОСКИ РЕАГИРА ДЕКА ТОА Е НЕПРАВДА

Премиерот Христијан Мицкоски во вонредно обраќање до нацијата го искритикува како историска неправда усвојувањето на извештајот за Македонија од страна на Европската комисија без споменување на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ во него, како што иницираше македонската дипломатија.

Тој наведе дека повеќе по овој момент нема да се разговара за уставни измени и ја повика опозицијата на обединување, како и на независните институции и организации на соработка.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фондот за пензиско и инвалидско осигурувања на Македонија бара кандидати за пополнување на повеќе работни позиции. Нивните огласи, покрај во дневниот печат, се објавени и на веб страната на Агенцијата за администрација, а меѓу кандидатите се бараат и нови работници за Скопје, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка....

Слично

Поврзани вести