ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожари во Македонија, гореше во Ајватовци, Студеничани, Зелениково
ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Гори и во општина Зелениково.
Пожар избувнал доцна попладнево на територијата на Зелениково во атарот на село Страхојадица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Пожарот веќе добива сериозни димензии затоа што веќе е навлезен во квалитетна шума“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Локализиран е пожарот над Ајватовци, што беше активен од вчера откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак. Претходно од ЦУК соопштија дека пожар има и во атарот на Студеничани и тоа на непристапен терен.
Во околината на Студеничани има нов пожар и како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, очекуваат на помош да дојде уште еден армиски хеликоптер.УАПСЕН ПОЛИЦИСКИ КОМАНДИР КОЈ ПУКАШЕ НА СВАДБА
Приведен e командирот на ПО Ропотово поради сомнение за предизвикување општа опасност.
Полицајци од ОВР Прилеп го уапсија и тој е задржан. Е.Р. (30) од селото Дебреште, командир на ПО Ропотово, е уапсен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19 август на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје.
ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.ВЕВЧАНЕЦОТ КОЈ НАВРЕДУВАШЕ ДЕЦА СО АУТИЗАМ Е ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА
Кривична пријава ќе добие вевчанецот кој на Фејсбук навредуваше деца со аутизам и нивниот татко.
Полицијата соопшти дека денеска во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.ПАРТИИТЕ И ДЕНЕСКА СЕ КОНФРОНТИРААТ ЗА ТОА КОЈ Е ЗА ЕУ
Оваа Влада е готова, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, во Македонија треба час поскоро да има брзи избори, за народот да има шанса да си го каже своето мислење и кои политики ги преферира.Од СДСМ велат дека ема подобар квалитет на живот освен членство во ЕУ.
Според нив, тезата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека уставните измени во овој момент не се важни затоа што нивната партија се занимава со квалитетот на животот на граѓаните е лажна, провидна и нема никаква врска со реалноста.фото ЦУК
