ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожари имаше во Штип и во околината на Пробиштип
ПОЖАРИ ИМАШЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
Пожарникарите и авионите во Пробиштипско се борат да го спасат селото Ратавица.
Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот кој попладнево се доближи и зафати повеќе села. Пожарникарите, помогнати од доброволци и од локалните жители, се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон селото Ратавица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што изјави Златко Илиев од Доброволното противпожарно друштво Кочани, екипите веќе три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница.
Според него, пожарот е делумно ставен под контрола, а во меѓувреме се прават противпожарни пресеци со градежна механизација со цел да се спречи неговото ширење кон Ратавица.
Во гаснењето помага и локалното население, додека според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на терен се ангажирани и три авиони „ер трактор“.
Од ЦУК соопштија дека активен пожар во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и и Лепопелци, како и Бучиште и Неокази, каде гори сува трева и нискостеблеста шума.
Претходно, во Штип имаше пожари, поради кои беа евакуирани работници од фабрика.
ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ГО ИЗБОДЕА МОМЧЕТО ВО ЧЕНТО
Полицијата поднесе кривична пријава против три лица за напад и нанесување повреди со нож врз 14-годишник во Ченто.
Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство врз дете.ЧОВЕК ОД БИТОЛСКО ГО КУПИ АУДИТО НА МЕРКО
Службеното вопзило Ауди-А6, кој неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, денес е продадено на јавна аукција и сега има нов сопственик од битолско, дознава Алсат.
Возилото е продадено за 1 милион 350.000 денари, или околу 22 илјади евра. Средствата од продажбата ќе бидат искористени за отплата на дел од стариот долг на Општина Струга. Веста за Алсат ја потврди и актуелниот градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира. Продажбата на возилото беше едно од првите ветувања на актуелниот градоначалник по стапувањето на функцијата. Сепак, во меѓувреме, автомобилот беше запленет од извршител од Охрид, поради финансиски обврски на општината.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
