ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожар во тетовско Фалише, гореше фабрика за бои и лакови
ПОЖАР ВО ФАБРИКА ВО ТЕТОВСКО
Голем пожар избувна околу 10 част и 30 минути во магацин на трговска фирма со материјали за електротехника и железарија во близина на тетовското село Фалише. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица.
ПОЧИНА ПАЦИЕНТКАТА КОЈА ГО ПРИЈАВИ АПТЕКАРОТ НА ОНКОЛОГИЈА
Почина Минка Веизовска, пациентката која го пријави аптекарот од Онкологија дека ѝ барал мито за биолошка терапија.
Таа утрово почина на Пулмологија. Нејзиното семејство вели дека ова треба да биде поттик да има правда за случајот.
АХМЕТИ СЕ ОБРАТИ НА МАКЕДОНСКИ
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, на одбележувањето на 115-годишнината од Битолскиот конгрес и Денот на албанската азбука во Битола во својот говор се обрати и на македонски јазик.
Тој на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски, кои присуствуваа на настанот, им порача дека Албанците стојат рамо до рамо со Македонците кога е во прашање македонскиот јазик.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во македонските села има многу куќи кои се во лоша состојба и во фаза на пропаѓање. Испукани ѕидови, уништени скали, пропаднати покриви е глетка која често ја среќаваме.