ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожар изби на Дрисла
ПОЖАР НА ДРИСЛА
Постојат сомненија дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој вели дека летово имавме рекордно високи температури, но Дрисла не се самозапали.
„Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек“, посочи Ангелов.ВЕПАОСКА ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА НИ СИЛА, НИ ЗДРАВЈЕ ПО ОДЛОЖЕНОТО РОЧИШТЕ
Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија.
На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова. Откако барањето му беше одбиено од страна на судијата Јордан Јованов, тој побара негово изземање, по што најави дека ќе побара изземање и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола за предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје.ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ГАЛЕТАНОВСКИ
Непознато лице го запалило автомобилот на претседателот на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски - Чомбе.
Опожарениот автомобил бил пријавен ноќеска, околу 3 часот по полноќ, а бил паркиран во Кисела Вода, пред зградата во која живее Галетановски.
Самиот Галетановски ја потврди информацијата, додавајќи дека имало граѓани кои го виделе подметнувачот како го пали автомобилот и бега.ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА РЕКЕТ 2
Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото: ЦУК/Вибер група
