ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повторно во Уставен суд не е избран заменик на Кацарска
УСТАВЕН СУД НЕ ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Ново гласање за претседател на Уставниот суд со само еден кандидат.
Телевизија Телма дознава дека за да не дојде до уставна криза и блокада на работата на Судот, уставната судијка Ана Павловска Данева се повлекува од трката.
Извори на Телма велат дека мотивот е деблокада на процесот на избор на нов претседател, бидејќи деловникот предвидува гласање се додека не се избере претседател, а во меѓувреме нема законска и деловничка можност претседавањето со седниците на Судот легитимно да го врши било кој од судиите.
Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ САКА ДА ГО ВОДИ СДСМ
По долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи на СДСМ, решив да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на престојните внатрепартиски избори, напиша Венко Филипче на Фејсбук.
„Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на партијата. Но, јас силно верувам дека поразот треба да ни послужи како моќен катализатор за промени и обнова. Мојата цел во следните четири години е да ја обновиме, реформираме и повторно да ја подигнеме СДСМ на ниво кое го заслужува. Да создадеме организација која ќе им служи на граѓаните и ќе биде мотор на општествениот напредок.БУГАРСКИ ПРАТЕНИК КУПИ КУЌА ВО ПРИЛЕП
Манол Пејков го купи најголемиот дел од домот на познатиот бугарски писател Димитар Талев во Прилеп за 80.000 евра. Сопственик на 2/3 од куќата ќе биде фондацијата на издавачот и пратеник „Манол Пејков и пријателите“, дознава бТВ, објави ТВ 21.
Веста ја објави самиот Пејков на својот Фејсбук профил. „Благодарност до 1.374 донатори кои веруваа во причината и во мојата способност (и подготвеност) да го спроведам, и во последната година префрлија 215.797 лева и 58 центи на сметките на фондацијата“, напиша тој.
Информацијата ја потврдија за бТВ и сопственичката Снежана Аческа, која го продала својот дел од куќата. Иако зградата е во расипаност, сопственикот на другата третина одбива да го продаде својот дел.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
.Ќе се менува Статутот на најстарата и една од најголемите банки во земјава, Стопанска банка Скопје.
